Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ обвини: Владата склучила договор од речиси милион евра за партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ обвини: Владата склучила договор од речиси милион евра за партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

СДСМ обвини: Владата склучила договор од речиси милион евра за партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено September 9, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја обвини Владата дека склучила договор тежок речиси милион евра за опрема што, според нив, ќе се користи за партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори.

Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ, вели дека Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор за озвучување, осветлување, видеоѕидови, бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка.

Јанковиќ денеска, на прес-конференција, покажа документи на кои во графата назив на ставка може да се види за каква опрема станува збор.

„Иако власта сака да претстави дека опремата е за симултан превод, симултан превод има најмалку. Со тендерот всушност се купува скапа опрема за промоција и организирање на настани: озвучување, микрофони, видеоѕидови, шатори, дрон, камери, дим-машини, светлосни ефекти. Со еден збор, целосна сценографија за кампања“,рече Јанковиќ на денешната прес-конференција.

СДСМ побара одговор дали граѓаните со народни пари ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ и бараат итно поништување на договорот и одговорност од сите инволвирани.

Јанковиќ упати апел до Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство веднаш да реагираат и да покренат одговорност за, како што го нарекоа, „класичен пример за предизборна злоупотреба на институциите и парите на граѓаните“.

„Наместо за поголеми плати и подобрување на животниот стандард, владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски расфрла милиони евра само за нивни партиски интереси“,рече Јанковиќ нагласувајќи дека државната каса и парите на граѓаните ги третираат како свои.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Израел го нападна Хамас и во Катар, и Трамп наводно дал дозвола
Следна Статија Владата негира дека троши државни пари за политичката кампања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или…

January 10, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција

На локалните избори ќе победи владината коалиција, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Алсат М. – Од тоа…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски со македонските фудбалски репрезентативци: Поддршката од најдобрите многу ми значи

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера оствари средба со македонските фудбалски репрезентативци. -Вечерва имав огромна…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер, како…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?