(ВИДЕО) Кај си „стари“: Федерер го изненади Ноле во Шангај

Мастерсот во Шангај влегува во самата завршница, а денеска Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето совладувајќи го Чехот Јакуб Меншик со 2:1 во сетови.

По овој дуел додека Ѓоковиќ одеше во соблекувалната, пред него се појави Роџер Федерер!

„Кај си старец“, му рече Федерер на Новак, по што двајцата поранешни најголеми ривали срдечно се поздравија и си размениле неколку реченици, а Ноле потоа продолжил по својот пат.

Инаку, Новак Ѓоковиќ в сабота од 13 часот ќе се бори за влез во финалето, а ривал ќе му биде Американецот Тејлор Фриц.

Сподели ја оваа статија