Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник
БАЛКАН

(ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник

Објавено June 20, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Необична и ретка појава го привлече вниманието на капачите во близина на Дубровник – во морето кај островот Локрум беше снимен кит, што предизвика вистинска сензација на плажите, пренесуваат хрватските медиуми.

Појавата на џиновското морско суштество предизвика мешани реакции. Додека дел од капачите коментираа дека ќе избегнуваат влегување во морето наредните денови, на социјалните мрежи не изостанаа и шеговитите коментари. „Од денес, набљудување на китови од брегот – 250 долари“, гласеше една објава што насмеа многумина. Друг корисник се надоврза: „Ќе поставам сепаре за 300 евра“.

Според проценките, се работи за перкаст кит – вториот најголем вид на кит во светот, веднаш по синиот кит. Овој вид може да достигне должина до 26 метри и тежина до 70 тони. Карактеристичен е по издолженото и елегантно тело, како и по асиметричната боја: едната страна му е светла, другата темна. Тој е и еден од најбрзите китови, способен да развие брзина и до 40 километри на час.

Иако овие морски џинови главно живеат во длабоките делови на океаните, понекогаш знаат да залутаат и во плитките води на Јадранското Море – појава што е навистина ретка и предизвикува голем интерес кај јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен 22-годишникот што усмрти жена на тротоар во Охрид
Следна Статија (ВИДЕО) Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Опозицијата направи хаос во српското Собрание: Летале боксови, шишиња, шок бомби, пратеничка добила мозочен удар ВИДЕО

Хаос избувна денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми. Пратениците…

March 4, 2025
БАЛКАН

Во Албанија се бараат уставни измени и техничка влада, дали ова ви звучи познато?

Демонстрантите во Албанија бараат оставка од Еди Рама и техничка влада. Ви звучи ова познато? Онесувањето на албанските демонстранти е…

June 24, 2026
БАЛКАН

Хрватите ја присвоија српската слава како хрватско културно наследство

Иако Србија ја заштити славата во УНЕСКО во 2014 година, Хрватска неочекувано донесе официјална одлука со која ја прогласи славата …

May 23, 2026
БАЛКАН

Известувачот на ЕП за Србија главен поддржувач на Северина

Новиот известувач на Европскиот парламент за Србија, хрватскиот европратеник Тонино Пицула,  го започна мандатот со остри изјави, коментира „Курир.рс. Пицула…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?