Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > (ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Клиниката за психијатрија вдоми лабрадор кој им помага на пациентите во терапискиот процес

Објавено January 15, 2026 15:10
Сподели
Сподели

Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје на социјалните мрежи објави дека го вдоимла Роџер, лабрадор стар две и пол години кој им помага на пациентите во терапијата, исклучиво под надзор на лица од стручниот тим и во согласност со пациентите.

Причините за вдомувањето на Роџер, според директорката на клиниката, проф. д-р Славица Арсова е имплементацијата на Animal Assisted Activities (активности поддржани од животни) – структурирани, но неформализирани активности во кои учествуваат одбрани животни (најчесто кучиња) со цел да обезбедат емоционална поддршка, чувство на смиреност, социјална интеракција и подобрување на општата психосоцијална благосостојба на пациентите.

Како што објавува Клиниката, Роџер бил вдомен неодамна и за исклучително кратко време се прилагодил на персоналот и на пациентите и како што велат нивниот нов „четириножен „колега“ е обожаван едноставно од сите.

Присуството на куче во терапискиот процес создава чувство на сигурност, прифаќање и доверба, што овозможува полесно воспоставување контакт, подобра емоционална регулација и поголема мотивација за вклучување во терапијата. Активностите на Роџер на клиниката вклучуваат средби со пациенти, индивидуално или во рамки на групи, секогаш под придружба и надзор на лица од нашиот стручен тим и се разбира, со согласност од пациентите. Со овој потег, сакаме да го поттикнеме и вдомувањето кучиња, како хуман и одговорен начин да им се даде втора шанса на напуштените животни и да се намали бројот на бездомни животни“, вели проф. д-р Арсова.

За Роџер е обезбеден бокс и куќичка пред влезот на клиниката, тој е под редовна ветеринарна контрола, има уреден здравствен и вакцинален статус и за него се грижат членовите на персоналот, а под надзор и мониторинг постепено се вклучуваат и пациентите, со нивна согласност.

Роџер бил вдомен неодамна и за исклучително кратко време се прилагодил на персоналот и на пациентите / фото: Принтскрин од видео

Активностите на Роџер започнуваат во 8 часот наутро во дневната болница, тој нема контакт во деловите од установата каде што има храна или лекови, a неколку пати дневно има долги прошетки со вработените или со пациентите – доброволци од дневната болница.

Лабрадорот е една од најчесто користените раси при активностите поддржани од животни, бидејќи неговите природни карактеристики совршено одговараат на барањата на тераписката средина.
„Лабрадорите се познати по својата смиреност, трпеливост и предвидливо однесување и имаат висока емпатија и социјална интелигенција. Оваа раса интуитивно реагира на човечки емоции, односно препознава тага, страв или анксиозност и природно нуди утеха преку контакт и присуство, без наметнување“, додава директорката на Клиниката за психијатрија.

Дополнително, лабрадорите брзо учат, лесно следат команди и имаат исклучително висока толеранција на физички контакт – прифаќаат допири, галење и близина без да покажат вознемиреност. Сите овие карактеристики ги има и нашиот Роџер, кој ни донесе многу позитивна енергија на клиниката!, додаваат од Клиниката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одлуката на САД за визниот режим е само за иселеничките визи, не и за визите за студенти, туристи и стопанственици
Следна Статија Нема продолжување на зимскиот распуст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар бекап за клинички…

February 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови 511 заболени од грип, вакцинирани се вкупно 72.294 лица

Во текот на 13. недела од 2025 година – од 24 до 30 март, во државава се пријавени 511 случаи…

April 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од Клиничкиот центар на Србија во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани

Последните два пациента кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката во Кочани…

June 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?