Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > 15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година
ЗДРАВЈЕ

15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

Објавено April 29, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во Кочани.

Се заблагодарив за тоа што направија таму за нашите пациенти. Изразуваат подготвеност да третираат уште 10 до 15 пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно. Во моментот, можеме четири до шестмина пациенти веднаш да ги испратиме, доколку има потреба. Со тек на време, до максимум петнаесет. Тоа е многу добра вест, рче Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

За време на посетата на Турција, како што посочи, посетил двајца пациенти кои биле контактибилни, а нивните родители биле задоволни од третманот и инсистирале таму да продолжи рехабилитацијата.

Шеесет и две лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рано утрото на 16 март, а околу 200 се здобија со повреди, по што беа пренесени на лекување во болниците во земјава, но и во странство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски
Следна Статија Златен, сребрен и три бронзени медали освоија македонски средношколци на Балканската математичка олимпијада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Работиме на ревизија на критериумите за боледување

Работиме на ревизија на критериумите за боледување, при што е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до…

January 9, 2026
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за ортопедски болести првпат е трансплантирана коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија

На Универзитетската клиника за ортопедски болести во Скопје успешна е извршена трансплантација, со имплант, односно коска од починат донор, која…

January 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Внимание трудници: Овие 3 овошја можат да бидат ризични во бременоста

Овошјето важи за симбол на здравјето – полно витамини, минерали и природни шеќери. Но, кога сте бремени, не е секое…

June 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Македонија заостанува во превенцијата на рак на грло на матка

Македонија и понатаму заостанува во превенцијата и раното откривање на ракот на грлото на матката, иако постојат национални програми за…

April 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?