Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани
ПОЛИТИКА

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Објавено June 5, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Mицкоски и Тошковски, вели Кузеска, прават се за да ги прикријат трагите и непосредната одговорност на оние кои кобната вечер донеле одлука да се затворат вратите на дискотеката што непосредно придонеле да има толкав број на жртви од оваа трагедија.

Според неа, власта се обидува да ги заштити и оние кои биле должни да ја затворат дискотеката која кобната вечер работела без никаков документ во целост надвор од законските рамки и прописи и покрај фактот што јавно било објавено дека таа вечер во овој објект се организира забава.

„Не само што власта на Мицкоски ги штити полициските службеници кои се срам за униформата туку и одбива да одговори на конкретни прашања на медиумите поврзани со оперативниот план таа вечер.
Како е можно и од кои причини оперативниот план за акциската контрола на повеќе локали низ Македонија меѓу кои и дискотеката Пулс да биде класифицирана информација, 3 месеци после спроведувањето на акцијата? МВР крие и кои биле оперативните процедури кои ги наложувала оперативната акција, односно крие кој ја дал наредбата да бидат затворени вратите на дискотеката Пулс, чин кој одзел драгоцени минути и секунди кои би значел спасен живот повеќе“.

Власта, додава таа, крие и кој ја дал наредбата да се спроведе акциска контрола во објект кој не смеел да биде отворен таа вечер затоа што немал никаква дозвола за работа, акциска контрола во која еден полициски службеник го загуби својот живот.

Прашува, дали власта го штити началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски и дали тој ја дал наредбата да се прави акциска контрола на објект кој воопшто таа вечер не смеел да работи.

„Дали власта го штити Салтировски чиј адвокат бил лично министерот Тошковски? Дали Мицкоски го штити Салтировски затоа што е во кумовски врски со Орце Тодоровски Ефто кој е бизнис партнер во хидроцентралите на Мицкоски? Дали МВР ги класифицирале овие документи затоа што потпис и наредба да се затворат вратите на дискотеката Пулс спротивно на стандардните оперативни процедури при акциска контрола ставил токму Салтировски? Нема одговорност ниту за Драган Казак Петрушев кој спровел наредба спротивна на стандардната оперативна процедура и ги затворил вратите на дискотеката. Нема одговорност ниту за началничката на економски криминал Кристина Јованова која дозволила да организира забави со стотици присутни, фирма со блокирана сметка повеќе од 200 дена која не можела да исплаќа плати и обврски кон добавувачи. Нема одговорност ниту за Томо Донев кој е началник на криминалистичката полиција во Кочани во моментот кога се случува пожарот во дискотеката Пулс“, потсети Кузеска.

Оценува дека трагедијата во Кочани е масовно убиство со потпис на државата, потпис на власта која прави се за да се спаси од одговорност за смртта на 62-ца млади луѓе.

„Обвинителството констатирало во истрагата дека ММММ ДООЕЛ немало дозвола за употреба на пиротехника, ниту имало лице со дозвола за ракување на пиротехника, зошто нема одговорност за инспекторите надлежни за надзор на пиротехниката? Зошто се крие името на фирмата која на црно увезувала пиротехнички средства? Дали се крие кој се потпишал на оперативната наредба спротивна на стандардните оперативни процедури со што било наредено да се затворат вратите?
Дали се работело спротивно на стандардни оперативни процедури“, праша Кузеска.

Потенцира дека СДСМ нема да дозволи никој да ја заташка истрагата за трагедијата во Пулс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани
Следна Статија Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Венко нека се држи до медицината

„Го слушав тоа, и не можев да се изначудам, и тоа го коментирав на еден мој настап, да си се…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Прилеп, одржан во рамки на изборната…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку лајв видео и фотографии информира дека на само една недела пред изборите одредени…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

„Како тоа Амар е политиколог, а е недипломиран?“ – Кандидатот за прв човек на Скопје призна дека нема диплома

Телевизискиот дуел меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Град Скопје предизвика бура од реакции од јавноста по сознанието дека еден…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?