Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Кузеска: МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Кузеска: МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира

Објавено April 5, 2025 18:38
Сподели
Сподели

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и поредок. МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира. Скандалот во Дебар Маало по којзнае кој пат го потврди нефункционирањето на МВР ама го покажа и каубојското аздисување на бодигардите на функционерите на власт, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Двајца полициски службеници, обезбедувачи на претседателката на државата лажно тврделе дека погрешни паркираното „порше“ на Срѓан Керим е службено. Тие барале „поршето“ на Керим да не биде кренато од пајакот, тие поттикнале неказнивост. Да не беше реакцијата на младите и овој случај ќе беше заташкан. Но по бурните реакции МВР беше принудена да поведе дисциплински постапки.

Но, факе е дека во последниве 9 месеци, како на лента се редат скандал по скандал со телохранители на највисоките државни функционери: Од обезбедувањето на премиерот Мицкоски, едниот оддавал државни тајни другиот нападна полицаец попречувајќи акција против дрога. Обезбедувањето на Гаши направи инцидент на скопскиот аеродром, извади пиштол, турна и нападна полицаец. Сега обезбедувањето на претседателката вмешана во скандалот во Дебар Маало.

Ова не се изолирани инциденти – ова е системски распад на безбедносниот апарат! Полицајци кои треба да не чуваат – работат за интересите на криминалци, моќници и тајкуни. На чело на сите нив е Панче Тошковски – како министер кој го дозволи овој распад во МВР. Сите овие инциденти отвораат сериозни прашања за целосна нефункционалност за безбедносниот апарат, за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури. Нема ред и поредок, нема одговорност. Вака не може! Одговорност мора да има и таа мора да започне со најодговорниот а тоа е министерот Панче Тошковски, рече Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија
Следна Статија Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стани Цаци да те види Венко

Органите и телата на СДСМ oд понеделник ќе дебатираат за учеството на пратеничката од оваа партија Славјанка Петровска на настанот…

July 4, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски за предлогот на Филипче: Немам добиено никаков документ, ако добијам ќе дадеме наш инпут

Па да го видиме документот, јас тоа велам да го видиме документот којшто ќе го поднесат. Се надевам дека ќе…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава

По оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека станува збор за системски, а не персонален чин,…

December 16, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди: Коцкарската мапа во државата се црташе кај Артан Груби

ДУИ, хранета и одржувана со години од игрите на среќа и казината, денес се обидува да манипулира со теми што…

April 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?