Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори

Објавено August 25, 2025 15:07
Сподели
Сподели

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска најави почеток на теренска кампања под мотото „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. Во периодот од 27 август до 3 септември, партијата ќе собира предлози и идеи од граѓаните за проекти кои ќе бидат вградени во програмите на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.

Сајкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги слуша потребите на народот и ги преточува во конкретни решенија:

„Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат претворени во проекти во програмите, а потоа и реализирани од позиција на власт,“ истакна тој.

Според најавата, во сите општини низ државата секојдневно од 17 до 21 часот ќе бидат поставени штандови на плоштадите и прометните места, каде граѓаните на специјални формулари ќе можат да достават свои идеи. Во истиот термин ќе бидат отворени и штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе биде овозможено и електронско доставување преку е-пошта: vistinskataidejazavashataopshtina@vmro-dpmne.org.mk.

Сите предлози ќе бидат разгледани од тим експерти, професори и личности со долгогодишно искуство кои ќе имаат задача да ги преточат во конкретни програми со финансиска рамка и рок на реализација.

„Очекуваме масовен одзив на граѓаните, со цел да изработиме што е можно појасни, подетални и содржајни програми, кои ќе произлезат директно од нивните потреби,“ порача Сајкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за акцијата на Финансиска полиција: Уапсени 7 лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари
Следна Статија (ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Василевска: ДУИ сака да се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата

Македонското општество покрај оние наметнати проблеми со коишто се соочува, економската егзистенција, политичката стабилност, многу други прашања кои се од…

March 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но…

April 7, 2026
ПОЛИТИКА

Ахмети, Османи и Села во Приштина на американски конгресмен му побараа Уставен суд со Бадентер и службен Албански јазик

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и претседателот на АА, Зијадин Села, во Приштина оствариле средба со американскиот…

May 28, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации

Од тоа што го слушам во медиумите е дека е здружение на граѓани, кое што е така наречено. Ставот на…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?