Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч
СВЕТ

(ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч

Објавено August 25, 2025 18:12
Сподели
Сподели

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е казнет за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео на кое вози со 224 км/ч на автопат, објави турскиот информативен сајт Т24.

Уралоглу го споделил видеото за да го промовира автопатот Анкара-Нигде, но на снимката се гледа дека возел со значително поголема брзина од дозволените 140 км/ч.

Објавата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што корисници го критикуваа министерот за непочитување на сообраќајните правила.„Зошто не ги почитувате ограничувањата на брзината, господине министер?“, праша еден корисник, додека друг коментира: „Ова е земја каде министерот не ги почитува ограничувањата, а граѓаните се казнуваат без проблем“.

По реакциите, Уралоглу потврди дека бил регистриран од радар и казнет за пречекорување на брзината.
-Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде и за кратко, несвесно, ја пречекорив брзината. Почитувањето на ограничувањата е обврска за сите, напиша тој, додавајќи дека во иднина ќе биде повнимателен.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори
Следна Статија На 2 септември седница за оглас за избор на судии во Стразбур

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Запознајте ја Алис Вајдел од АФД, главниот фаворит на изборите во Германија

Алис Вајдел, кандидатката за канцелар на Алтернативата за Германија (AfD), е неочекуваното јавно лице на антиимигрантската десничарска партија, која се…

February 21, 2025
СВЕТ

Почна средбата Трамп – Зеленски: „Има основа за договор, премногу луѓе загинаа“

На Флорида започна средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат регионалните и меѓународните медиуми. Средбата…

December 28, 2025
СВЕТ

Стапува во сила новата такса за работна виза за САД

Новата такса од 100.000 долари за визи H-1B во Соединетите Американски Држави, која стапува во сила денеска, ќе се наплаќа…

September 21, 2025
СВЕТ

В сабота САД го напаѓаат Иран?

 Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?