Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 2 септември седница за оглас за избор на судии во Стразбур
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 2 септември седница за оглас за избор на судии во Стразбур
МАКЕДОНИЈА

На 2 септември седница за оглас за избор на судии во Стразбур

Објавено August 25, 2025 18:20
Сподели
Сподели

На седница на 2 септември во Врховниот суд, Комисијата за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе донесе одлука за претседател на Комисијата, Деловник за работа на Комисијата затоа што следуваат измени во споредба со претходниот Деловник, како и одлука за објавување на нов оглас за избор на судија во Европскиот суд.

Комисијата е составена од пет члена, претседателот на Врховен суд, првиот човек на Уставен суд, како и претседателите на Основниот граѓански и Кривичен суд и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Претседателот на Уставниот суд и член на Комисијата, Дарко Костадиновски за Тв 24 вели дека на денешниот закажан работен состанок на Комисијата во Уставниот суд, претседателот на Врховен не бил во можност да присуствува, па датумот за оглас ќе се знае следната недела кога Комисијата ќе биде во полн состав. Апелира да се пријават што е можно повеќе кандидати.

„На денешниот состанок не бевме во полн состав и затоа не можевме да донесеме одлука, термин за оглас за избор на судија во Европскиот суд. На следната седница, на 2.09. ќе донесеме неколку одлуки, а огласот ќе се објави на почеток на септември. Се работи на измени на Деловникот за работа на Комисијата, допрецизирање на критериумите на огласот. Ќе има и нов рок за пријавување на кандидатите наместо 15 дена, кандидатите ќе имаат рок од 30 дена за пријавување, со надеж дека ќе се пријават повеќе кандидати, кажа Дарко Костадиновски-претседател на Уставен суд. 

Првата комисија утврди предлог-листа со тројца кандидати за судија во ЕСЧП, на која се најдоа обвинителката Ленче Ристоска, судијката од Апелацискиот суд Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски. По одлуката на Владата, која не ја прифати листата, Ристоска и Гајдова во јавни изјави побараа одговор-кои критериуми не ги исполниле. Обвинителката Ристовска доплнително рече дека имала и укажувања да ја повлече кандидатурата, но без да открие детали.

На македонскиот судија во ЕСЧП во Стразбур, судијата Јован Илиевски, мандатот му истекува на 1 февруари следната година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч
Следна Статија Вреди: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доаѓа лето: Македонија под влијание на топлиот бран од Африка

Нашата територија од денес (31 мај сабота) започна полека да потпаѓа под влијание на најавениот топол бран кој е со…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник 38 степени

Сончево и топло, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вилијам Секл и Јовче Ременски го наместиле и „Кралот на местенките“ Христијан Илиевски од Хрватска со лажни дојави од АНБ

Жртва на лаги и на измислици во извештаите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), за кои бруи јавноста по обелоденувањето…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на пм₁₀ честичките, се вели во Извештајот на Министерството за животна средина

Просечните концентрации на PM₁₀ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува Извештајот од индикативни мерења на квалитетот…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?