Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

Објавено October 27, 2025 12:22
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи.

На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите работеа.

Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е за работи кои се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто, изјави Мицкоски, прашан дали по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија треба да стравуваме од нова енергетска криза.

Мицкоски придружуван од министерот за здравство Азир Алиу денеска беше во посета на ГОБ „8 Септември“, каде беше промовирана нова опрема- хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и третман на спортисти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен директорот на „Комунална хигиена“ – сомнежи за злоупотреби и непостапување во врска со кризата со отпадот во Скопје
Следна Статија Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар

Стареењето е природен процес. Во услови кога младите имаат сѐ подинамичен живот и голем број обврски, а сѐ помалку слободно…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Продолжува поддршката за младите за студирање на најдобрите светски универзитети, МОН ги објави конкурсите за стипендии

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат да обезбедуваат финансиска поддршка за граѓаните на Македонија кои ќе се запишат…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зибери: Условите во затворот „Идризово“ се алармантни

Поради пренатрупаност во затворот „Идризово“, додека еден спие, другиот треба да седи буден и да чека ред бидејќи креветот го…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јавна обвинителка во Штип се клонирала и испитувала четири сведоци во исто време

Jавнатa обвинителка Татјана Кацарева од Штип ќе влезе во историјата како единствена јавна обвинителка со докажана способност за – клонирање.…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?