Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Лејкерси израмнија, сигурни победи на Оклахома и Индијана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Лејкерси израмнија, сигурни победи на Оклахома и Индијана
СПОРТ

(Видео) Лејкерси израмнија, сигурни победи на Оклахома и Индијана

Објавено April 23, 2025 08:22
Сподели
Сподели

Лос Анџелес Лејкерс изедначија на 1:1 во серијата против Минесота, додека Оклахома и Индијана победија на вторите мечеви против Мемфис и Милвоки. Тоа е епилогот од натпреварите одиграни во НБА плеј-офот ноќта меѓу вторник и среда.

Предводени од Лука Дончиќ, Лејкерси одиграа одлична прва четвртина. Овој дел од натпреварот го решија во своја полза 34:15. Потоа без проблем ја одржауваа предноста и на крајот победија со 94:85.

Дончиќ ги предводеше Лејкерси, му недостигаше асистенцијата за трипл дабл. Тој забележа 31 поен, 12 скока и девет асистенции. Се истакна и Леброн Џејмс со 21 поен, 11 скока и седум асистенции.

На Минесота не и помогнаа многу 27 поени на Џулиус Рендл, додека најдобриот играч на тимот од Минеаполис, Ентони Едвардс застана на 25 поени.

Јанис Адетокумбо блеска во плеј-офот, но во првите два меча неговиот Милвоки не и се закани сериозно на Индијана. Вториот дуел на домашен терен Пејсерс го добија со 123:115.

Во првата четвртина Пејсерс имаа 15 поени предност. Бакс успеаја да стигнат до минус 4 пред крајот на полувремето, но на голема пауза се заминаа со плус осум за Индијана.

Милвоки не се предаваше, во еден момент во самиот финиш стигна и до 115:113, но следеа две врзани тројки на Индијана, кои го решија прашањето на победникот. Сијакам со 24 и Халибартон со 21 поен беа најдобри во редовите на Пејсерси.

Брилијантниот Адетокумбо застана на 34 поени, 18 скока и седум асистенции, а го следеше Портис со 28 поени и 12 скока.

Оклахома и Мемфис ја играат најнеинтересната серија во првото коло од плеј-офот досега. Откако го добија првиот меч со 50 разлика, Тандер лесно ги совладаа Гризлис во вториот меч и победија со 118:99.

Шеј Гилџес-Александар премногу солираше, погоди само 10 од 29 шута и стигна до 27 поени и осум скока. Џејлен Вилијамс броеше до 24. Џексон беше најрасположен во тимот од Тенеси со 26 поени и шест скока.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Телото на папата Франциск ќе биде преместено во базиликата Свети Петар за јавноста да му оддаде почит
Следна Статија Просечната нето-плата во февруари 43 053 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Започна новата ера во Лос Анџелес: Дончиќ дебитираше за Лејкерси

Лука Дончиќ го забележа својот прв настап за ЛА Лејкерс во победата на неговиот тим над Јута Џез од 132:113.…

February 11, 2025
СПОРТ

Следниот противник на Ноле има проблем со таткото

По победата во првото коло на Вимблдон Даниел Еванс се отвори и откри дека неговиот татко го пропуштил натпреварот поради…

July 3, 2025
СПОРТ

Носталгија: Како пред три децении Васил Рингов го матираше Динамо Букурешт

На социјалните мрежи се појави видео од мечот Динамо Букурешт-Вардр одгигран во 1985 година. Во тогашниот Куп на УЕФА во…

September 29, 2025
СПОРТ

Слободен влез на Националната арена за мечот Македонија – Летонија

Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година.…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?