Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Ливерпул е во сериозна криза – Шампионот поразен од Брентфорд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Ливерпул е во сериозна криза – Шампионот поразен од Брентфорд
СПОРТ

(Видео) Ливерпул е во сериозна криза – Шампионот поразен од Брентфорд

Објавено October 26, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Ливерпул минатата сезона доминантно дојде до титулата во Премиер лигата, загуби само четири натпревари, оваа во првите девет рунди, екипата на Арне Слот веќе има четири порази. Во Лондон, Брентфорд го победи Ливерпул со 3:2. „Црвените“ го забележаа четвртиот последовен пораз во Премиер лигата, односно загубија пет од последните шест натпревари.

Брентфорд во целост го надигра Ливерпул. Домашните фудбалери играа со повеќе желба, беа подобри во дуелите, агресивноста им беше на највисоко можно ниво и што е најважно, играчите од средниот ред на „пчелките“ буквално ги „изедоа“ колегите од Ливерпул.

Дека на Ливерпул не му се пишуа добро најави Аутара по само пет минути игра. Предноста на Брентфорд ја дуплира Шаде во 45-та. Надежите на Ливерпул му ги врати Керкез во петтата минута од судиското надополнување во првиот дел.

Голот на Керкез им даде дополнителен импулс во второто полувреме, не на неговите соиграчи туку на фудбалерите на Брентфорд.

По еден час игра Ван Дајк направи наивен пенал, а Игор Тијаго ја врати предноста од два гола.

Во финишот погоди Салах, во 90-та минута. Египќанецот ја рпекина низата од пет натпревари без постигнат гол.

И овој гол не го раздвижи Ливерпул, се играа 11 минути во судиското надополнување, а „црвените“ успеаја да притиснат само во последните две, но не успеаја да го избегнат поразот.

Ливерпул остана на шестото место со 15 поени, Брентфорд е на 10-то место со 13 поени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имаат смисла за бизнис: Припадниците на овие хороскопски знаци заработуваат најмногу
Следна Статија Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вимблдон: Алкараз сигурен, денеска игра Ноле

 Двократниот победник на Вимблдон Карлос Алкараз од Шпанија без поголеми проблеми оствари победа во мечот од второто коло. Тој го…

July 3, 2025
СПОРТ

Пред 32 години кошарката остана без својот Моцарт

На денешен ден пред 32 години, на 7 јуни 1993 година, во сообраќајна несреќа во Германија загина кошаркарскиот Моцарт, Дражен…

June 7, 2025
СПОРТ

ЕХФ покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги предаде сите релевантни информации што ги поседува на своите правни тела и побара покренување…

May 27, 2025
СПОРТ

Хаос на фудбалски натпревар во Германија, повредени 79 навивачи

Германската полиција соопшти дека 79 лица се повредени во голем навивачки бунт по натпревар од регионалната лига меѓу клубовите Карл…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?