Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за изгубените животи од семејно насилство?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за изгубените животи од семејно насилство?
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за изгубените животи од семејно насилство?

Објавено March 26, 2026 15:36
Сподели
Сподели

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое побара одговор за постапувањето на институциите и утврдувањето на одговорноста на службените лица по серијата случаи на семејно насилство.

Во обраќањето, Лукаревска посочи дека долга е листата на семејни насилства и порача дека одговорност мора да има:

„По трагичниот настан во Тафталиџе, по ужасниот крај на животот на Ивана и на нејзината ќеркичка, присуствувавте на средбата на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство. На истата, заедно со граѓанските организации, договорени се измени во осум закони: Закон за полициски овластувања, за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, за социјална заштита, за правда за децата, за бесплатна правна помош, за кривична постапка, за парнична постапка и за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Овие измени, за жал, се задоцнети за многу жртви на семејното насилство, кои воедно беа и жртви на институционални слабости. Но, измените мора да бидат направени, имајќи го предвид и фактот дека семејното насилство станува сè поголем дел од содржината на дневните билтени на МВР. И покрај тоа, останува прашањето за кобниот 2 март, што со одговорноста на оние кои не реагирале врз основа на принципот на должно внимание, кој, како држава, сме го презеле согласно Истанбулската конвенција.

Како да не опоменуваа кривичните пријави за таткото на Катја, поднесени за имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога.

И не е само Стојанче – што ги „поттурна“ Ивана и Катја, Усеин кој 40 пати ја избоде Танкица од Кочани, Илија кој ја избоде Росица во Велес, го уби и нејзиниот татко, па се самоуби, Н.А. кој пред очите на 5-годишната ќерка ја уби Рамајана во Шуто Оризари, вчерашниот грозоморен случај во Куманово, навистина е долга листата.

Имено, и барањата на граѓанските организации беа целосна и транспарентна истрага за постапувањето на сите институции во случајот во Тавталиџе, вклучително и проверка дали постоеле пријави, сознанија и какви мерки биле или не биле преземени.

Суспензија на сите службени лица вклучени во постапувањето сè до завршување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност за секое службено лице кое не постапило согласно законските обврски, соодветни санкции, вклучително и кривична одговорност, и затворски казни за службени лица од МВР и сите други надлежни институции каде што ќе се утврди дека морале, а не преземале мерки.

Моето прашање до вас е до каде е постапувањето во однос на утврдување на одговорност на службените лица во Министерството за внатрешни работи. Без постапување на надлежните институции, законите сами по себе не значат автоматска заштита“ рече Лукаревска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
Следна Статија Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: ДПМНЕ да го праша Тошковски зошто го вработи Нанев во МВР, што му должи?

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се губи со катастрофални прес конференции и се подлабоко тоне во очајните обиди да се извади од…

August 15, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, само дијаспората да може да гласа

Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ достави до опозицијата отворена понуда со која се согласува да прифати кој…

July 7, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ со законски измени ќе бара зголемување на минималната плата и замрзнување на функционерските плати

Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на функционерските…

January 29, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ напорно работеше за потребите на жените, со оваа власт сè паѓа во вода

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека претходната влада системски поставила основи за заштита на жените од насилство, додека сегашната…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?