Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството

Објавено March 26, 2026 18:15
Сподели
Сподели

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите – истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период, на позитивната листа се додадени нови лекови, а почнати се и постапки за сериозни инфраструктурни вложувања во здравството.

Мицкоски нагласи дека здравствениот буџет годинава изнесува речиси една милијарда евра и дека во него се пресметани зголемувањата на платите. Договорот за раст на примањата на здравствените работници останува во сила до 2028 година.

Тој оцени дека Владата затекнала лоша состојба во здравството, со многубројни долгогодишни проблеми, погрешни политики и обврски, кои претставувале дополнителен товар за јавните здравствени установи, особено Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

– Работиме на решавање на проблеми што со децении останале нерешени. Знам колку вложуваат министерот за здравство и директорот на Фондот и уверен сум дека значителен дел од предизвиците веќе се решаваат – рече премиерот.

Мицкоски укажа и на случаи на злоупотреби при пријавување дежурства, каде што поединци, како што рече, прикажувале непрекината работа и примале над 10.000 евра месечно.

Премиемиерот Мицкоски информира дека се обезбедуваат средства за завршување на Клиничкиот центар во Штип, нов студентски дом и нова зграда на Медицинскиот факултет при УГД, болницата во Кичево и Клиничката болница во Тетово.

По реализирањето на овие проекти, фокусот ќе биде ставен на најголемиот капитален зафат – изградба на нов клинички центар во Скопје. За локацијата, како што рече Мицкоски, се водат разговори со приватен сопственик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за изгубените животи од семејно насилство?
Следна Статија Мицкоски: Македонија од држава за потсмев во криза, сега е фактор на енергетска стабилност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нов земјотрес во Охрид

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран рзоно изутрината во 3 часот и 59 минути во епицентралното подрачје…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонецот Игор Радев во топ 10 синолози во светот

Македонскиот филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик Игор Радев се најде на листата од најистакнати синолози…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски упати божиќна честитка во која посака да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за градоначалници и советници ќе имаат пристап до платено рекламирање на 329 медиуми низ државата

Кандидатите за градоначалници и советници на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Соопшти…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?