Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кога горат литиум-јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид, алармира Шанса за Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кога горат литиум-јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид, алармира Шанса за Центар
МАКЕДОНИЈА

Кога горат литиум-јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид, алармира Шанса за Центар

Објавено September 14, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Во рециклаторен центар, соработник на организацијата „Нулта отпад“, вчера избувна пожар во кој, според вчерашните информации, се зафатени и литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и друг електронски отпад, велат од Шанса за Центар.

„Гори рециклаторен центар, соработник на НУЛТА ОТПАД, инаку оваа компанија е овластена за преземање на литиум јонски батерии од апарати и возила, како секаков електронски отпад. Треба да се знае кога горат литиум- јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид (HF), која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Спореде европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.

Кога гори електронски отпад во кој многу често има печатени плочки, пропратна пластика и други материјалот како олово (Pb), кадмиум (Cd), хром (Cr), никел (Ni), бакар (Cu) и цинк (Zn) со горењето се создаваат соединенија кои ги содржат овие елементи. Дополнително литиум-јонските батерии при горење развиваат многу високи температури (од 800- па до 1600 степени зависно од јачината) дури прават и мини експлозии. Се надеваме дека пожарникарите се соодветно заштитени“, велат оттаму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џепчирчир победи на маратонот на Мундијалот во Токио, Поп Арсова заврши претпоследна
Следна Статија Пари без сопственик: Милјарди евра заборавени во германските банки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се роди првото бебе во 2026 – Ќе биде женска година

Клиниката за гинекологија и акушерство информира дека точно на полноќ е родено првото бебе во 2026 година. -На ГАК се…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Сите пријавени за семејно насилство да се повикаат во станица

Сите полицајци во државата ќе добијат телеграма со јасни насоки како да постапуваат при сомнежи за семејно насилство, најави министерот…

March 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вода ќе немаме 15 часа: Следете ги препораките на Институтот за јавно здравје

Поради активности за санација и модернизација на главниот градски водовод, скопјани вечерва ќе останат без вода. Прекинот, според информациите од…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Прес на Кошта со Мицкоски

Проследете ја прес-конференцијата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта со премиерот Христијан Мицкоски… https://www.youtube.com/live/8p9izFdD0RE?si=4n_08Bl0vjoCvU1q

June 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?