Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ за УЧК, порача премиерот Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ за УЧК, порача премиерот Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ за УЧК, порача премиерот Мицкоски

Објавено December 10, 2025 15:26
Сподели
Сподели

Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ кој треба да им даде поддршка на војниците на ОВК кои меѓународниот суд ги суди за воени злосторства. Како што објасни премиерот, државата ќе има формирано кризен штаб, ќе се следи секој што ќе дојде во Македонија, а полицијата нема да дозволи да се наруши јавниот ред и мир. Според Мицкоски, целата оваа постапка е само обид на ДУИ да се извлече од лошата состојба во која се наоѓа по катастрофата на локалните избори

„Не станува збор тука за политички договор или неполитички договор, очигледна е намерата дека некој се обидува на овој начин да се мобилизира. Тука пред се мислам на Демократската унија за интеграција. На тој начин мисли дека ќе добие повторно некаква поддршка, ќе ги мобилизира своите гласачи. Жалам што има и такви коишто еве го поддржуваат овој процес јавно, иако тоа немаше потреба по мене да се случи, но тоа е нивна одлука, не би сакал јас да ја коментирам. Ние како Влада ќе сториме се што е во наша моќ, од прифаќањето на граница до реализирањето и до завршувањето на овој протестен марш, да биде се поминато во најдобар ред. За ова се исто така информирани и нашите стратешки партнери. Сите тие се информирани за сите оние мерки коишто ќе бидат преземени. Ќе имаме и кризен штаб којшто ќе го следи сето ова 24 часа пред да се случи и откако ќе се случи, нормално, обезбедување на испраќање на сите оние коишто ќе дојдат на тој настан. Така што како Влада и како држава и како институции ќе ги преземеме сите мерки да не им успее првичната намера да испровоцираат било каква реакција којашто може да има негативни консеквенци не само за граѓаните, туку и за регионот“ – рече Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во тек е Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка – рокот за пријавување е 1 февруари 2026 година
Следна Статија Андоновски: Се воведува единствен електронски број на граѓанинот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!

Најновите наоди од теренските истражувања на неолитската населба Влахо кај Живојно во Пелагонија, која е една од најстарите од овој…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изразувајќи почит кон неговата улога како глас…

September 24, 2025
ПОЛИТИКА

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Велес

Претседателот на Владата  Христијан Мицкоски  денеска ќе ја посети Општина Велес каде ќе присуствува на започнување на реконструкција на патниот…

July 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се одложи изборот на в.д државен јавен обвинител

Се одложи седницата на Советот за јавни обвинители на која требаше да биде назначен вршител на должност државен јавен обвинител…

December 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?