Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во тек е Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка – рокот за пријавување е 1 февруари 2026 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во тек е Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка – рокот за пријавување е 1 февруари 2026 година
ЕКОНОМИЈА

Во тек е Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка – рокот за пријавување е 1 февруари 2026 година

Објавено December 10, 2025 15:24
Сподели
Сподели

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е отворен Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла и изработката на квалитетни истражувачки трудови во овие области, како и да ги афирмира младите стручни кадри.

Право на учество имаат државјаните на Република Македонија до 35-годишна возраст. Трудовите треба да содржат осврт на македонската економија и да не надминуваат 80.000 карактери, со препорачана стандардна научна структура. Може да се конкурира и со веќе објавени трудови, но не пред 1 јануари 2024 година.

Пријавувањето се врши електронски, на е-адресата: konkurs@nbrm.mk, во ворд-формат, со назнака „За Годишната награда на Народната банка“. Авторите доставуваат и кратка биографија. Сите трудови се третираат како доверливи материјали.

Еден автор може да поднесе само еден труд, на македонски, албански или на англиски јазик.

Трудовите ќе се вреднуваат според повеќе критериуми, вклучително и според релевантноста на темата, квалитетот на анализата, методолошкиот пристап и јасноста на заклучоците.

Крајниот рок за доставување е 1 февруари 2026 година. Годишната награда за прворангиранот труд изнесува 130.000 денари, додека за второрангираниот е 65.000 денари.

Конкурсот е достапен на веб-страницата на Народната банка на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-17062025-2.nspx.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исчезна 13-годишно девојче, мајката побара помош од полицијата
Следна Статија Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ за УЧК, порача премиерот Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ревидирани понуди за Warner Bros. Discovery го започнуваат следниот чин во драмата на спојувањето

Зборови за ревидирани понуди од Paramount, Comcast и Netflix за целосен или делумен откуп на Warner Bros. Discovery се појавија…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец…

September 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце, изградбата стартува летово

Конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“ ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри,…

June 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?