Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗС добива прва републичка пожарна составена од 50 армиски и полициски возила пренаменети за гаснење на шумски пожари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЗС добива прва републичка пожарна составена од 50 армиски и полициски возила пренаменети за гаснење на шумски пожари
МАКЕДОНИЈА

ДЗС добива прва републичка пожарна составена од 50 армиски и полициски возила пренаменети за гаснење на шумски пожари

Објавено July 6, 2025 11:32
Сподели
Сподели

Дирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Станува збор за армиски и полициски возила кои се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување, а на барање на општините за справување со пожарите во земјава.  

Премиерот Христијан Мицкоски, на промоцијата на армискиот полигон „Криволак“, посочи дека станува збор за полициски и армиски возила кои повеќе од осум години беа запуштени и не биле запалени, а со кои сега државата многу поподговени ја пречекува сезоната на пожари. 

-Благодарност до сите кои што учествуваа во оваа активност. На овој начин државата заштедува неколку десетии милиони евра, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени, изјави Мицкоски. 

Тој информираше дека неделава треба да стигне и вториот авион од сервис, а третиот се очекува до крајот на август.

– По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени доколку има потреба. Навистина не можеме да правиме споредба со претходно. Можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од минатото доколку има вакви предизвици, изјави Мицкоски. 

Директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по презентациијата на опремата и возилата, рече дека за разлика од минатите години сега имаме многу повеќе ресурси. 

-За првпат имаме неспоредливо повеќе ресурси за справување со пожари. Овие возила со резервоар за вода од 1,5 тони може да стигна до места, на кои и најсовремени џипови не би можеле, изјави Ангелов.  

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, информираше дека целокупната инвестиција е од општествено одговорни компании и лица и дека државата за првпат добива  прва републичка пожарна.

-Пред три месеци земавме за обврска сите возила кои беа расходовани да ги ставиме во функција. Денеска 34 возила за гаснење на отворен пожар се презентирани. Имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Целокупната инвестиција е од општествено одговорни компании и лица, изјави Јанчев.

Станува збор за застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР, а кои се модернизирани и на кои им се инсталирани посебни резервоари за вода, пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Самит на БРИКС во Бразил – земјите-членки бараат реформа на ММФ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ако Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името, колку зеле Заев и Филипче?

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА,…

March 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Oхрид преполн со туристи за Нова Година

Последните часови од старата 2025 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дрин Ахмети: Добив пари од Фондот за иновации за печатач

Фирмите на Дрин Ахмети добиле два проекти од Фондот за иновации. Една од иновациите е печатач, објаснува Ахмети во интервјуто…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп,…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?