Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Македонски туристи од Истанбул се враќаат со неисправен автобус
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Македонски туристи од Истанбул се враќаат со неисправен автобус
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Македонски туристи од Истанбул се враќаат со неисправен автобус

Објавено September 9, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Група македонски туристи синоќа со страв се враќале од празнична посета на Истанбул. Причината е што автобусот на агенцијата „Ганиќ ексклузив“ постојано прегрева, па мораат да застануваат цело време за да има време да се излади моторот и да можат да го продолжат патувањето кон Скопје, пренесува А1он.

Патничка во автобусот за А1он раскажува дека најпрво 5 часа чекале во Истанбул да тргнат, механичарите кои се обиделе да го поправат автобусот рекле дека не е во ред возилото, и ќе мораат полека да возат кон Македонија.

Дел од патниците, меѓу кои има и деца, но и пензионери, се јавиле кај сопственикот на агенцијата, кој им рекол дека нема никаков проблем со автобусот.

Ароганцијата на сопственикот на туристичката агенција кој им спуштил телефон создаде дополнителен револт кај патниците кои не се чувствуваат безбедни и се молат здрави и живи да стигнат во земјава. Сепак, патници има и од други градови во Македонија, не само од Скопје.

Информациите до кои дошле А1он, се дека возач на автобусот кој постојано мириса на изгорено е постар човек, а со него има помлад возач кој сега го учи патот кон Истанбул. Автобусот е полн со вода во долниот дел, цело време доставаат вода штом се прегрее.

Има информации од патниците во автобусот дека до споменатата агенција и претходно стигнувале тужби за недоследности во превозот, но веројатно патниците кои ја преживуваат голготата вечерва ќе срочат заедничка тужба до агенцијата и нејзините сопственици поради ризикот на кој ги изложуваат, па мора постојано да застануваат за да не дојде до поголем дефект.

Една од патничките во автобусот сакала да го пријави дефектот на турско – грчката граница, но останатите не и дозволиле, само за да можат да стигнат во земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќерката на Ченто: Се гордеам со идеалите на татко ми

Многу малку време имав со мојот татко. Односот татко – ќерка ни беше скратен, ама ги познавав неговата душа, ставови,…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски автобус удри во банкина во Србија

Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкината вчеравечер на автопатот А5 кај Појате…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Премиерот има 17 советници – четворица од нив се со полно работно време

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата. -Вкупно имам…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?