Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Манасиевски: Кандидати за советници на СДСМ во Струмица крвнички тепаат странци!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Манасиевски: Кандидати за советници на СДСМ во Струмица крвнички тепаат странци!
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Кандидати за советници на СДСМ во Струмица крвнички тепаат странци!

Објавено September 25, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани.

Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото, објави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот. Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници од СДС имаат кривични пријави, а за еден има и прекршочна пријава за насилство. Јасно е дека СДС во Струмица знае само за еден пристап, а тоа е заплашување на народот и физичка агресија врз него.

СДС наместо да понуди визија, програма и идеа, тие нудат тепачи и насилници да бидат дел од советничката листа на СДС во Струмица.

Во однос на оваа крвничка тепачка од страна на насилниците од СДС врз странски државјани, јавноста мора да знае дека МВР има поднесено кривични пријави, но секако погодувате, судството нема донесено никаква правна разрешница.

Овие луѓе не смеат да бидат нашата иднина, и бараме осуда и оградување од страна на СДС и локалното раководство. Исто така, бараме и правда и одговорност. Време е за вистинска промена во Струмица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска – Давкова на Сесијата за младите во Њујорк: Многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина
Следна Статија Уапсени три лица осомничени за подметнување на пожарот во Прилеп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Има предлог за средба со Бугарија, треба Софија да се изјасни, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека е во тек комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во земјава околу иницијативата за…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер

Заедничка прес- конференција на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и на неговиот колега од Србија Милош Вучевиќ:

October 7, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план

Опозициската СДСМ денес алармираше за, како што велат, „сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Целата македонска јавност го виде вистинското лице на Апасиев, напиша Мицевски

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?