Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Распишани повторените локални избори во четири општини – ќе се гласа на 11 јануари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Распишани повторените локални избори во четири општини – ќе се гласа на 11 јануари
ПОЛИТИКА

Распишани повторените локални избори во четири општини – ќе се гласа на 11 јануари

Објавено November 17, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го потпиша актот за одржување на повторени избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство.

Во писмена изјава за повторните избори за градоначалници во овие четири општини Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа, претседателот на Собранието Гаши посочува дека со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури.

– Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, како и до набљудувачките организации да постапуваат совесно, транспарентно и професионално. Ги повикувам сите политички субјекти и кандидатите учесници во овој процес да водат мирен, фер и демократски изборен процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности, вели Гаши.

Претседателот на Собранието ги повика граѓаните на 11 јануари масовно да учествуваат и да го остварат своето право на изборите.

– Исто така, им се обраќам на граѓаните на овие општини да го остварат своето право и масовно да учествуваат на гласањето. Повторувањето на изборите ја потврдува важноста на учеството на секој граѓанин во локалното одлучување и во зајакнувањето на институционалниот легитимитет, рече Гаши.

Собранието, завршува тој, останува посветено на редовните демократски процеси и на консолидирањето на институциите на државата.

Во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа изборите мора да се повторат бидејќи на 19 октомври, на гласање не излегоа доволен број граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за хоророт во Штип: Се уште се бараат остатоците од телото на свирепо убиената 79 годишна штипјанка
Следна Статија Тошковски бил опериран, се јави од болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Или ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата Филипче-Ахмети-Апасиев, според Мицкоски трета опција на изборите нема

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Градско одговори на новинарско прашање во однос на тоа кои се…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја,…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

Заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува Мицкоски да објави нови кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во седиштето на партијата во Скопје почна седница на која се очекува да бидат утврдени нови…

July 6, 2025
ПОЛИТИКА

Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска

Премиерот Христијан Мицкоски не поседува недвижен имот во Хрватска или Црна Гора, дознава Курир. Тоа значи дека се невистинити објавите од…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?