Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Објавено October 6, 2025 08:38
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на вчерашниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше на темата за состојбата со правосудниот систем во земјата. Според него, правосудството е слуга на политичките елити од минатата власт и истите остануваат неказнети, затоа што нивната заштита не е правдата, туку, како што вели тој, неправедниот систем, корупцијата, непотизмот, и врските кои тие ги направија во судството и обвинителството. Од друга страна, нервозата на оние кои се нафатиле да бидат слуги, според Мицкоски, не е затоа што јавноста им бара резултати, туку поради тоа што сега ќе мораат да дадат извештај за тоа како работеле и зошто немаат резултати.

„Објаснувањето за 2% доверба ќе го видите токму во потеклото на овие судии кои се или од СДСМ или од ДУИ. Но, иако се нервозни, иако на секое мое кажување на вистината за судството тие реагираат и паничат како да е загрозена нивната независност, треба да знаат и тие и нивните газди политичари дека доаѓа денот кога мора да се понесе одговорност “, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека нервозата е исто така присутна кај лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

„И затоа е нервозата е сè поприсутна кај претседателот на СДСМ, и затоа се тие негови нервозни реакции пред камерите и на митинзите, затоа што знаат дека ќе се соочат со одговорност и дека тоа нема врска со тоа кој на чија опција припаѓа, туку единствено има врска со криминалот кој што го правеа 7 години додека здружно беа влада со ДУИ “, кажа Мицкоски и додаде:

„И затоа се спремни на трикови, подземни игри и нечесни коалиции. Знаат, подготвени се да се сојузат и со црниот ѓавол само за да си ги спасат кариерите. И донекаде можам да ја сфатам играта на претседателот на СДСМ, која не е негова, туку со сите сили се труди да игра за да го спаси неговиот ментор, неговиот гуру“.

Мицкоски истакна дека истиот тој Филипче, се обидува да го брани неодбранливото.

„И можам да кажам, човекот навистина вложува многу енергија, се труди од петни жили, го брани неодбранливото, но треба да биде свесен дека секоја негова игра е прозирна и се гледа од месечината, каде јасно се гледа дека ова не е трка и борба за победа на СДСМ, туку трка и борба да си ја спасат сопствената кожа. Зошто? Ако беше поинаку, кога ќе ги видевте осојузени на едно место, на купче Венко, Димче, Али и Стевчо. Ете така, овие неславни ликови народот ќе ги порази исто така на купче на 19 октомври“, истакна Мицкоски.

Мицкоски на крај додаде дека времето кога бугарски премиер финансираше македонски политичари, а тие му испорачуваа компромиси на грбот на народот за национални прашања заврши.

„Завршува нивното време. Завршува времето кога источниот наш сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ, а завршува времето на предавства, почнува времето на достоинствена политика, на факти, аргументи, исправен ‘рбет и резултати. Само така Македонија и сите заедно ќе победиме “, вели Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник
Следна Статија (Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО како фирма со еден газда, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски направи уште еден авторитарен чекор во ВМРО. Ги отстрани сите потпретседатели. Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска, сите се отстранети,…

February 8, 2026
ПОЛИТИКА

Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

Во вчерашна емисија Заспиј ако можеш, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али…

October 30, 2024
ПОЛИТИКА

Николоски: Дојран треба да се приклучи на бранот на победата

Вечерва во Нов Дојран ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја побараа поддршката од граѓаните, за вториот круг од изборите, на мини-митинг. На…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?