Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Меланија се прошета со хуманоиден робот низ Белата Куќа: „Вештачката интелигенција го менува светот“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Меланија се прошета со хуманоиден робот низ Белата Куќа: „Вештачката интелигенција го менува светот“
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Меланија се прошета со хуманоиден робот низ Белата Куќа: „Вештачката интелигенција го менува светот“

Објавено March 26, 2026 15:48
Сподели
Сподели

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се појави рамо до рамо со хуманоиден робот на глобалниот технолошки самит во Белата куќа, привлекувајќи големо внимание кај присутните.

Настанот, кој се одржа во Вашингтон, собра претставници од десетици земји и водечки технолошки компании, а во еден момент роботот, развиен од технолошка компанија од Силициумската Долина, заедно со првата дама прошета по црвениот тепих пред гостите.

При пристигнувањето, Меланија Трамп се повлече и му препушти на роботот прв да им се обрати на присутните. Тој се претстави како хуманоид создаден во Соединетите Американски Држави, по што поздрави на 11 јазици, вклучително и на словенечки, мајчиниот јазик на првата дама. Публиката реагираше со аплауз, а роботот потоа се повлече од салата.

Во своето обраќање, Трамп истакна дека ова е прв ваков „гостин“ во Белата куќа, нагласувајќи ја важноста на технолошките иновации.

Самитот е дел од нејзината иницијатива за поттикнување на иднината преку технологија и образование, која има за цел да го унапреди користењето на современите технологии кај младите ширум светот. На настанот учествуваа претставници од повеќе од 30 земји, како и водечки компании од технолошката индустрија.

Меланија Трамп во своето излагање се осврна и на иднината на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека таа ќе стане сè повеќе дел од секојдневниот живот.

„Нашиот свет се менува. Со помош на вештачката интелигенција, знаењето станува подостапно од кога било. Во иднина, таа ќе се пресели од уредите во хуманоидни системи кои ќе ни помагаат во секојдневието“, рече таа.

Како пример, првата дама го спомена и концептот на хуманоиден едукатор кој би овозможил персонализирано учење за секое дете.

Со овој настан, Белата куќа испрати јасна порака дека вештачката интелигенција и роботиката ќе имаат клучна улога во иднината на образованието и економијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Го знам премиерот“ не поминува веќе, вели Мицкоски
Следна Статија Бура ја парализираше Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ѓоковиќ купил луксузна вила на Јадранот вредна милиони (ФОТО)

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ купил вила во Црна Гора, во градот Љута, која вреди милиони.…

April 4, 2025
ЗАБАВА

Го преболе Бастијан: Ана Ивановиќ се заљуби во тренерот

Ана Ивановиќ експресно го преболе Бастијан Швајшајгер. Како што пишуваат српските медиуми, поранешната тенисерка е заљубена во личниот тренер Фран…

August 21, 2025
ЗАБАВА

Овој град во Германија нуди бесплатно сместување две недели, а еве и зошто

Ајзенхитенштат, кој се наоѓа на границата со Полска, на околу 100 километри од германската престолнина Берлин, нуди 14-дневен пробен престој…

May 30, 2025
ЗАБАВА

Принцот Вилијам прогласен за најзгоден ќелав маж во светот

Маркетинг агенцијата Reboot втора година по ред го прогласи принцот Вилијам за најзгоден ќелав маж на светот. Листата наводно се…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?