Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Меси ја мина бројката од 890 голови во кариерата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Меси ја мина бројката од 890 голови во кариерата
СПОРТ

(Видео) Меси ја мина бројката од 890 голови во кариерата

Објавено October 25, 2025 10:45
Сподели
Сподели

Лионел Меси, изминатата ноќ, дојде до бројката од 890 гол во кариерата. Во победата на Интер мајами над Нешвил (3:1), Аргентинецот ги постигна 890 и 891-от гол во импресивната кариера.

Со ова достигнување, на 38 години и 122 дена, Меси го престигна својот вечен ривал Кристијано Роналдо како најмлад играч кој достигнал 890 гола. Португалската ѕвезда ја достигна таа бројка на 39 години и 89 дена.

На Аргентинецот му беа потребни 1131 настапи за овој подвиг, додека Роналдо стигна до истиот број голови по 1220 одиграни натпревари.

 

Messi with the diving header 💥

(via @MLS)pic.twitter.com/faJ9F1BUuv

— B/R Football (@brfootball) October 25, 2025

Голгетската кариера на Меси е распределена во неколку клубови и во националниот тим:

672 гола – Барселона
114 – Аргентина
73 – Интер Мајами
32 – ПСЖ.

Покрај тоа, аргентинскиот волшебник забележа и 399 асистенции, што значи дека бил директно вклучен во 1289 голови во текот на својата кариера.

Пред натпреварот против Нешвил, Меси ја доби наградата „Златна копачка“ во МЛС како најдобар стрелец во регуларната сезона, со 29 постигнати голови во 28 настапи. Со ова, тој продолжи со серијата индивидуални успеси, откако претходно ја освои европската „Златна копачка“ шест пати како најдобар стрелец во националните лиги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов раст на цените во САД
Следна Статија Хрватска повторно воведува воен рок: 1.100 евра месечно и предност за државна работа – но има еден услов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФК Вардар го елиминираше Тиквеш во Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар обезбедија четвртфинале во Купот на Македонија откако денеска со 2:0 го совладаа Тиквеш во осминафиналето, благодарение на…

October 23, 2024
СПОРТ

Ферстапен победи во Јапонија

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Јапонија. На култната патека во Сузука, актуелниот светски првак победи пред…

April 6, 2025
СПОРТ

Работнички се разигра, бега од опасната зона

Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0,…

March 20, 2026
СПОРТ

Eве колкави се премиите за медал на ЗОИ

Сингапур го освои првото место на ранг-листата на земји кои ќе им платат на спортистите најголема сума за освојување на…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?