Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Меси ја мина бројката од 890 голови во кариерата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Меси ја мина бројката од 890 голови во кариерата
СПОРТ

(Видео) Меси ја мина бројката од 890 голови во кариерата

Објавено October 25, 2025 10:45
Сподели
Сподели

Лионел Меси, изминатата ноќ, дојде до бројката од 890 гол во кариерата. Во победата на Интер мајами над Нешвил (3:1), Аргентинецот ги постигна 890 и 891-от гол во импресивната кариера.

Со ова достигнување, на 38 години и 122 дена, Меси го престигна својот вечен ривал Кристијано Роналдо како најмлад играч кој достигнал 890 гола. Португалската ѕвезда ја достигна таа бројка на 39 години и 89 дена.

На Аргентинецот му беа потребни 1131 настапи за овој подвиг, додека Роналдо стигна до истиот број голови по 1220 одиграни натпревари.

 

Messi with the diving header 💥

(via @MLS)pic.twitter.com/faJ9F1BUuv

— B/R Football (@brfootball) October 25, 2025

Голгетската кариера на Меси е распределена во неколку клубови и во националниот тим:

672 гола – Барселона
114 – Аргентина
73 – Интер Мајами
32 – ПСЖ.

Покрај тоа, аргентинскиот волшебник забележа и 399 асистенции, што значи дека бил директно вклучен во 1289 голови во текот на својата кариера.

Пред натпреварот против Нешвил, Меси ја доби наградата „Златна копачка“ во МЛС како најдобар стрелец во регуларната сезона, со 29 постигнати голови во 28 настапи. Со ова, тој продолжи со серијата индивидуални успеси, откако претходно ја освои европската „Златна копачка“ шест пати како најдобар стрелец во националните лиги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов раст на цените во САД
Следна Статија Хрватска повторно воведува воен рок: 1.100 евра месечно и предност за државна работа – но има еден услов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Мекларен го освои првиот ред во Абу Даби – Норис е на пол позицијата

Мекларен направи голeм чекор кон освојување на конструкторската титула во шампионатот на Формула 1. Ландо Норис и Оскар Пјастри, го…

December 7, 2024
СПОРТ

(Видео) Аргентина и без Меси го декласира Бразил

Пред Суперкласико, како што Јужноамериканците го нарекуваат дербито меѓу Аргентина и Бразил, кое се играше во Буенос Аирес во 14.…

March 26, 2025
СПОРТ

Омерагиќ: Не смееме да носиме одлуки понесени од емоции

Масар Омерагиќ ја презема најважната фудаблска функција во нашата земја, откако на Вонредното изборно собрание доби акламација за нов претседател…

December 31, 2024
СПОРТ

Роналдо го изведе најлошиот пенал во својата кариера (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо сам изнуди пенал, но истиот не го реализираше. Кога се чинеше дека данскиот голман нема шанси против Португалецот,…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?