Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Министерот за добро владеење Фетаи уште не е подготвен да зборува на македонски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Министерот за добро владеење Фетаи уште не е подготвен да зборува на македонски
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Министерот за добро владеење Фетаи уште не е подготвен да зборува на македонски

Објавено September 9, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Одговорите на новинарите заменик-претседателот за добро владеење во Владата на Мицкоски, Арбен Фетаи, утрово ги даваше на албански јазик, иако новинарите го прашуваа на македонски.

Тој денеска присуствуваше на промоцијата на службените воизла кои отсега ќе имаат регистарски таблички во боја, за да се спречи нивната злоупотреба, односно да бидат лесно воочливи доколку се користат во партиски цели. На настанот беа и директорот на БЈБ Александар Јанев и директорот на Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, но ним не им сметаше што нивниот заменик-претседател на Владата, од коалицијата, не одговара на македонски јазик, а нема обезбедено преведувач.

Еден новинар го прекина Фетаи за да му укаже дека колешката го прашала на македонски, па редно е тој да одговори на македонски. Сепак, Фетаи рече дека тој ќе одговара на албански. Прашан дали и другите прашања ќе ги одговара на албански, тој рече: Уште не сум спремен на македонски.

Фетаи е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Демократското движење Вреди, односно од партијата Алијанса за Албанците. Роден е во Куманово, но долги години живее во Белгија и има двојно државјанство: македонско и белгиско. Во неговата биографија стои дека, покрај албански, зборува и македонски, француски, англиски и холандски јазик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во депонијата „Дрисла“
Следна Статија Комисијата влегува во АНБ, ќе се утврдува одговорност за петгодишното прислушување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се казнува преминување пешачки со мобилен и возење велосипед со слушалки: Глоба до 50 евра за непочитување на законот

Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот, со кои се воведуваат ригорозни казни за пешаците, велосипедистите…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот лист на Филипче, не криел податоци

Антикорупциската комисија jа запре постапката за имотниот анкетен лист на пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче. По проверките во…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“

Во пожарот што попладнево изби во атарот на селото Церово во Општина Желино, во моментот, според информациите од Центарот за…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?