Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Мицкоски: За повеќе од 3 пати ќе се зголеми бројот на проекти во сладната година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Мицкоски: За повеќе од 3 пати ќе се зголеми бројот на проекти во сладната година
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: За повеќе од 3 пати ќе се зголеми бројот на проекти во сладната година

Објавено June 23, 2025 20:42
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски по повод една година откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во Македонија даде отчет за сработеното но и за работите што ги направиле, но и за работите што ќе продолжи да ги остварува за секој еден грачанин.

„Измина една цела година, на предизвици, на тешка, посветена и макотрпна работа. Во секој еден ден од овие изминати 365 дена, не заборавив во ниту еден момент од каде доаѓам, и со каква чест располагам, и каква одговорост имам да не ги разочарам македонските граѓани, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и како што народот вели, не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за тебе и твојата иднина. Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, време кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на пропсеритет, ред, развој, почит, човечност, вредности.

„Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе.
1 година од новиот почеток,
1 година градење темели,
1 година за тебе!
Ова е година во која ги градиме темелите на промените! За твоето и вашето време кое доаѓа!
По години на празни ветувања и пермaнетна политичка криза во државата, разочарувања и уништени ветувања, Македонија не започна од нула. Почнавме од минус – од рушевини, кои ги оставија зад себе. Наследивме систем што се кршеше и паѓаше, институции што изгубија доверба, луѓе што изгубија верба.
Но, не се предадовме. Не го оставивме својот дом во рацете на минатото“, потнцира Мицкоски.

-Ги ставивме првите тули на новите темели, со посветеност и љубов кон секој човек, секоја заедница, секој сон. Ги поставивме столбовите што ќе го издржат товарот на иднината. Ги засиливме носечките што ќе ја држат оваа земја исправена и горда.
Овие темели не се само тули, или камења и бетон. Тие се секој наш збор, секој наша капка пот и секој чекор што го правиме за тебе, за твоето семејство, за твојата иднина. Овие темели се твојата доверба, твојата борба, твојата вера дека Македонија заслужува повеќе – заслужува правда, ред, развој и почит. Тие темели се почеток на нова ера. Време кога Македонија повторно ќе биде твоја – земја на можности, земја на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее, рече Мицкоски.

„Ние не ветуваме брзи решенија, затоа што знаеме дека вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Но, знаеме и дека секој ден на напредок е победа. Секој ден е борба за достоинство, за иднината што ја заслужуваме. За децата што ќе растат во безбедна и чесна земја. За сите нас што веруваме дека можеме и мораме подобро.

Оваа година беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација. Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст.

Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа!

Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било.

Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби.

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти. И она што денес сакам да го соопштам е дека за повеќе од 3 пати ќе се зголеми бројот на проекти за следната година. Веќе вклучуваме во 5та па 6та брзина. И очекувам максимална посветеност во исполнување на програмата, очекувам преку 400 проекти мерки чекори реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на … развој и раст, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата, реформи во дсноцната политика и справуванјето со инфлациски и предизвици на животниот стандард, проекти за млади, проекти за земјоделци, проекти за работници, проекти за купување на нов дом, возила… проекти кое ќе го донесат времето за кое сите се надеваме и длабоки промени кои ги заслужуваме“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби
Следна Статија Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Антикорупциска: Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата

Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатираше судир на интереси кај поранешен медицински директор на здравствена…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК

Со „паметни часовници“ ќе биде овозможен автоматски повик на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде нагласуваат…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерот на СНС во Охрид се сретна со Мицкоски: Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа

Лидерот на Српската напредна странка (СНС) и поранешен премиер на Србија, Милош Вучевиќ, бил во посета на Охрид, каде се…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

ПРИФАТИЛЕ ЛАЖНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА – уапсени петмина вработени во Министерство за финансии, како и сопственик на фирма

Шест лица добија кривични пријави од МВР поради здружено манипулирање со документација која му овозможила на едно од лицата, сопственик…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?