Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јовева: Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јовева: Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање
МАКЕДОНИЈА

Јовева: Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање

Објавено July 10, 2025 11:14
Сподели
Сподели

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева.

– Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на македонскиот. Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање. Се случи тоа што се случи. Знам дека е тешко, и не е фер, како што и многу други работи не се фер, можеби и понефер од ова што се случи со гласањето. Ама сепак сакам народот да знае дека тоа е и сигнал дека ЕП не сака да се меша во тоа затоа што го признава македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонскиот јазик, вели Јовева во изјава за Канал 5.

Таа не се согласува дека грчко-бугарското лоби надвладеало меѓу европратениците за прифаќање на амандманите за бришење на македонскиот идентитет и јазик од извештајот.

– Ако надвладееше тоа лоби, ќе беше ставен амандманот модерен јазик, модерен идентитет, македонски, не знам ни што сакаа, но тоа немаше шанси да помине. На крајот, сепак, надвладеа во тој смисол што тој дел од текстот е избришан. Ама тоа не е поради нив. Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на македонскиот, вели Јовева.

За тоа каква порака се испраќа кон земјава, но и кон македонскиот народ, со целата дебата за јазикот и идентитетот, со амандманите од бугарските и грчките европратеници, но и оп конечнот исход, таа смета дека не треба да се им се придава премногу значење.

– Македонската држава, македонската политика, па и македонскиот народ, треба да се фокусираат на напредокот, на процесот на реформите кои треба да служат за подобар живот на граѓаните и граѓанките, не за ЕУ, и за некоја си таму земја членка, било која, туку за граѓаните и граѓанките, и тоа треба да е пораката. Јас на овој извештај го гледам како порака за тоа. Затоа што суштината на извештајот, ако не разговараме за јазикот и за идентитетот, е позитивен. И морам да бидам оптимистична. Сакам да бидам оптимистична затоа што знам дека народот, македонскиот народ заслужува подобро од ова што го има. А подобро нема да може да се има освен ако не се продолжи со европскиот пат, вели Јовева.

Словенечката европратничка вчера во дебатата во ЕП за извештајот за земјава, им порача не нејзините колеги дека „идентитет кој опстанал со векови нема да исчезне поради едно гласање или поради лобирање“.

– Овој извештај не се однесува на правото на постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик или македонскиот идентитет. Иако самиот факт дека таков дел постои во текстот на извештајот мене лично не ми пречи, го поддржувам и нема да гласам за негово бришење, морам сепак да бидам фер и да му порачам на македонскиот народ: Знам дека боли – и мене лично ме боли – но не прифаќајте наративи од политичари кои ќе тврдат дека Европскиот парламент ви ја одзел идентиетата или јазикот. Тоа не е вистина. На оние кои го тврдат токму тоа, затоа што сакаат сè, освен правичност, им порачувам: македонскиот јазик е автентичен, а вашите обиди се современа фикција. Идентитет кој опстанал со векови нема да исчезне поради едно гласање или поради вашето лобирање. За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, а за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст“, порача Јовева во ЕП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Администрацијата на Трамп се заканува дека ќе му ја одземе акредитацијата на Харвард
Следна Статија Странците во Хрватска се жалат преку социјалните мрежи: Имате убаво море, но какви ви се овие цени?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судијата кој пресуди две години затвор за прегазена девојка, сам си ги поправал оценките

Во Основниот суд во Тетово, за случај на прегазување на девојка, судијата Ељведин Ферати изрече казна од само две години…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР формира кризен штаб поради состојбата на Блискиот Исток

Поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера е формиран…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија прва во регионот добива 52,2 милиони од планот за раст на ЕУ

Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Лa тераца“ за 3.500 евра месечно ја доби концесијата за Македонско село

Фирмата „Ла тераца“ ја доби концесијата за работа со комплексот Македонско село во Горно Нерези за 3.500 евра месечно. Комплексот…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?