Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Странците во Хрватска се жалат преку социјалните мрежи: Имате убаво море, но какви ви се овие цени?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Странците во Хрватска се жалат преку социјалните мрежи: Имате убаво море, но какви ви се овие цени?
БАЛКАН

Странците во Хрватска се жалат преку социјалните мрежи: Имате убаво море, но какви ви се овие цени?

Објавено July 10, 2025 09:33
Сподели
Сподели

На профилот на Инстаграм, WorldTraveler, кој има речиси 2.000 следбеници, се појавија видеа од хрватските продавници, на кои се прикажани цените на производите.

Иако не е познато кој стои зад профилот WorldTraveler, многумина претпоставуваат дека станува збор за странци кои снимале цени во продавниците на хрватскиот брег.

„Пазете се од високите цени во Хрватска“!

„Пазете се од високите цени во Хрватска во 2025 година! Погледнете ги овие луди цени“, пишува во видеата каде се прикажани цените на производите, на пример, чипс кој чини повеќе од 4 евра, додека мало чоколадо е осум евра, а потоа се осврнале и на цените за производите за заштита од сонце.

„Дали е ова грешка што кремата за сончање чини речиси 30 евра? Имате прекрасно море, а тек какви ви се цените!“, напишале тие.

Во коментарите под објавените видеа, некои пишуваат дека Хрватска е толку скапа што никогаш повеќе не би дошле на одмор, додека други веруваат дека е нормално цените на брегот и островите да се повисоки од оние во продавниците на копното.

„Леле, ова е поскапо од Монако“

„Леле, ова е поскапо од Монако и Цирих“, „Нездрава храна во Хрватска? Не, благодарам, тука сум поради рибата и локалните производи“, „Затоа престанавме да ја посетуваме Хрватска. Бевме 11 пати, а сега кога цените се луди, одиме во Грција. Бевме и во Италија и Шпанија… цените таму се понормални“ и „Тоа е на брегот. Не е така во цела Хрватска. Иако, цените навистина се излезени од контрола“, се дел од коментарите на овој профил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јовева: Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање
Следна Статија Еден загинат, повеќе повредени во тежок судир кај охридскиот аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Се урна петкатница во Атина,се трага по преживеани

Петкатна станбена зграда во централниот дел на Атина утрово се урна за време на демолирање соседен објект, објави „Екатимерини“. Жителите на…

June 30, 2026
БАЛКАН

Ања не преживеа: Младата спортистка почина 17 дена по трагедијата во Нови Сад

Младата атлетичарка Ања Радоњиќ (24) од Параќин им подлегнала на повредите по страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад,…

November 17, 2024
БАЛКАН

Ужас во Словенија: Жена почина од каснување од поскок, прв таков случај по неколку децении

По неколку децении, во Словенија е регистриран првиот смртен случај предизвикан од каснување од змија. 80-годишна жена била касната за…

June 26, 2025
БАЛКАН

Брисел многу го сака Западниот Балкан во Европската Унија

Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западниот Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?