Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ: Пресудата на Додик е обврзувачка, сите страни треба да ја почитуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ЕУ: Пресудата на Додик е обврзувачка, сите страни треба да ја почитуваат
БАЛКАН

ЕУ: Пресудата на Додик е обврзувачка, сите страни треба да ја почитуваат

Објавено August 2, 2025 01:06
Сподели
Сподели

Европската Унија денеска соопшти дека конечната пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, мора да се почитува и ги повика сите страни да ја признаат независноста и непристрасноста на Судот на Босна и Херцеговина кој ја донесе.

Портпаролот на ЕУ во писмена изјава наведе дека Унијата го зема предвид фактот дека Судот на Босна и Херцеговина го осуди Додик кривично во жалбената постапка.

„Пресудата е обврзувачка и мора да се почитува. ЕУ ги повикува сите страни да ја признаат независноста и непристрасноста на Судот на Босна и Херцеговина и да ја почитуваат и поддржат пресудата што ја донесе“, рече портпаролот на ЕУ.

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја потврди првостепената пресуда на Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска, поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина треба да го одземе мандатот на Додик во рок од 15 дена, а потоа, во рок од три месеци, да распише вонредни избори за претседател на Република Српска.

Додик денеска изјави дека не ја прифаќа пресудата, дека таа е „создадена од Европската Унија“ и дека Собранието на Република Српска ќе се изјасни за тоа. Парламентот претходно, еден ден откако му беше изречена првостепената пресуда на Додик, усвои закони со кои се забранува работењето на Судот на Босна и Херцеговина и Обвинителството на Босна и Херцеговина во Република Српска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЈПДП: Девет фирми се поканети да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево
Следна Статија Сиљановска-Давкова со честитка за Илинден: Илинден е призната што тече, се пишува и допишувала со крв и солзи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Го пуштија од Хаг да умре: Почина српскиот генерал Павковиќ

Генералот Небојша Павковиќ почина на 79-годишна возраст во Белград. На 28 септември тој беше ослободен пред да му се одлежи затворската казна…

October 21, 2025
БАЛКАН

Тројца мажи се обиделе да ја запалат куќата на масовниот убиец од Србија

Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош…

October 28, 2024
БАЛКАН

Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање…

October 12, 2024
БАЛКАН

Бројот на жртви во нападот во турското училиште се искачи на 10, истрагата води до оружјето на таткото

Турција е во шок откако бројот на загинати во нападот во училиште во Кахраманмараш се искачи на 10, додека истрагата…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?