Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЈПДП: Девет фирми се поканети да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЈПДП: Девет фирми се поканети да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево
ЕКОНОМИЈА

ЈПДП: Девет фирми се поканети да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево

Објавено August 1, 2025 20:19
Сподели
Сподели

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза на тендерот за изградба на автопатот Букојчани-Кичево кој е дел од Коридорот 8.


Се додава дека девет фирми, кои ја поминале оваа фаза, влегуваат во процесот за избор на изведувач за изградба на автопатот и дека денеска добиле покана да ги достават своите финансиски понуди до 30 септември. По овој рок, како што додаваат од ЈПДП, ќе следува фаза на евалуација на понудите и избор на најподобен изведувач.

Според претходните најави, вкупните проектирани трошоци за изградба на делницата од Букојчани до Кичево со должина од 10,2 километри изнесуваат 132,7 милиони евра, од кои 110 милиони евра се заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а 19,8 милиони евра инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.


Согласно повикот за претквалификација објавен на 4 февруари годинава, новата автопатската делница ќе има двоен коловоз со по две сообраќајни ленти од 3,5 метри со брзина на движење од 100 километри на час. Делницата е надоврзување на трасата Гостивар-Букојчани, во должина од 30,1 километар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мухамед повторно е најпопуларното име за бебиња родени во Англија
Следна Статија ЕУ: Пресудата на Додик е обврзувачка, сите страни треба да ја почитуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната долгорочна хипотекарна каматна стапка во САД на најниско ниво во повеќе од три години

Просечната долгорочна хипотекарна каматна стапка во САД е на најниско ниво во повеќе од три години, што претставува позитивен сигнал…

January 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе се купат две нови товарни локомотиви и нови патнички возови

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави подновување на возниот парк на „МЖ-Транспорт“. Во следниот период ќе се набават…

August 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Седумте најголеми ланци маркети во Македонија лани оствариле приход од над 930 милиони евра

На прво место со добивка од домашните ланци маркети е ВЕРО кој во 2023  заработил на над 10 милион евра…

January 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од денеска нови, поскапени цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од денеска.…

July 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?