Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б
ЕКОНОМИЈА

УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б

Објавено March 12, 2025 18:09
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ги информира вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и Биланс на приходи и расходи (образец„Б“).

Даночниот период за кои се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година. Доколку даночниот обврзник вршел самостојна дејност за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот од годината во кој обврзникот ја вршел дејноста.

Обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“ задолжително се поднесуваат до Управата за јавни приходи по електронски пат, преку системот е-даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 17-ти март 2025 година (со оглед на тоа што 15-ти се паѓа во неработен ден) за доходот остварен во претходната, како и до Централниот регистар на РСМ.

За дополнителни информации или поддршка во врска со подготовката и поднесувањето на обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“, обратете се до Контакт центарот на УЈП на:

е-пошта: info@ujp.gov.mk

телефон: 0800 33 000; 02/ 3253 200

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 2 април мора да имате електронска дозвола за патување во Обединетото Кралство
Следна Статија (ВИДЕО) Пронајден брод кој исчезна пред повеќе од 130 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок

По примерот на Хрватска на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради…

January 28, 2025

Доживотен пристап до ChatGPT, Gemini и повеќе со овој алат од 75 долари

Тоа е најниска цена досега.

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Младите земјоделци добиваат финансиска поддршка од владата преку јавен повик– На располагање до 600.000 денари за сопствено производство

Младите кои сакаат да почнат да се занимаваат со земјоделство ќе добијат пари од државата. Министерството за земјоделство, шумарство и…

April 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бизнис секторот со пофалба за Буџетот за 2025 година: Подобра иднина за бизнисот и раст на економијата

Позитивни коментари од бизнис заедницата откако вчера се донесе Буџетот за 2025 година, во кој вкупните приходи се планирани на…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?