Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Соларниот парк „Стипион“ ќе произведува струја за цел еден град
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Соларниот парк „Стипион“ ќе произведува струја за цел еден град
ЕКОНОМИЈА

Соларниот парк „Стипион“ ќе произведува струја за цел еден град

Објавено March 4, 2025 09:05
Сподели
Сподели

Изградбата на соларниот парк „Стипион“ кај Штип, ќе  произведува струја за цел еден град, а со тоа ќе придонесе за намалување на увозот на електрична енергија. Соларниот парк, ќе биде најголем во земјите од Западен Балкан, а треба да го гради француската компанија АКУО, пишува ТВ Алфа.

Оваа е од 400 мегавати и мислам дека ќе биде доволно за еден град со 30.000 до 40.000 жители. Ќе придонесе за снабдувањето и сигурноста на системот во државата, но и ќе придонесе за намалување на увозот на електрична енергија, што е и клучно прашање“, изјави Славе Ивановски, експерт за енергетска политика.

„Убедени сме дека изградбата на соларниот парк ќе го завршиме во 2027 година. Неговата изградба ќе трае од 12 до 18 месеци“, изјави Катинка Рамбер, дир. на Фондација АКУО

Соларниот парк „Стипион“ ќе се простира на 452 хектари на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата каде што требаше да има карго аеродром. При неговата изградба ќе се вклучат и студентите од штипскиот универзитет.

„Штип во последно време прераснува во енергетски центар, заради природниот потенцијал што го има, а тоа е сончевите денови, присуството на ветер. Најавени се многу инвестиции во обновливи извори на енергија“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

„Студенти ќе бидат вклучени во конкретни активности, и во поставувањето на самиот парк , но и во изградбата на нивните станици“, изјави проф.Мишко Џидров, проректор за настава на УГД-Штип.

Инвестицијата за изградбата на соларниот парк „Стипион“ќе чини околу 300 милиони евра.

Извор https://alfa.mk/veterniot-park-stipion-megu-shtip-i-sveti-nikole-ke-proizveduva-struja-za-czel-eden-grad/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србите ги коментираат чевлите на Вучиќ од 930 евра: „Ги купи сите бои, за сите села“
Следна Статија Остар пад на Волстрит по царините на Трамп за Канада и Мексико

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Железничката станица Скопје ќе добие современ лик

Железничката станица Скопје ќе добие изглед на модерна железничка станица, архитектонско решение на спој на стариот изглед од Кензо Танге…

November 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Фактури од 16.500 денари ги изненадија издавачите на апартмани

„Никој не нѐ известил дека треба да плаќаме, ниту дека секој месец треба да поднесуваме извештаи“. Ова е една од…

July 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа

Последите податоци од Еуростат според кои основната потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа ги демантираат сите кои не…

June 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, најмногу пари за проекти за мали бизниси

Развојна банка ја исплати третата транша во износ од 41,3 милиони евра кон деловните банки за 175 одобрени проекти на…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?