Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 2021 година странци купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Од 2021 година странци купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра во Албанија
БАЛКАН

Од 2021 година странци купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра во Албанија

Објавено August 3, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Во последните години, Албанија стана интересен пазар за купување недвижности од страна на странци, особено на крајбрежјето, каде што цените се сè уште пониски во споредба со другите земји во регионот, како што се Хрватска или Црна Гора.

„Според податоците од Централна банка на Албанија, која ги пресметува овие текови како странски директни инвестиции во секторот за недвижности, во 2024 година, странците купиле имот во вредност од околу 380 милиони евра. Од 2021 година, кога започнал странскиот интерес, главно на албанското крајбрежје, до март 2025 година, странците купиле имот во вредност од околу 1,3 милијарди евра, стои во анализата на весникот „Монитор“.

Учеството на инвестициите во недвижности во однос на вкупните инвестиции во земјата значително се зголемени. Во 2014 година, купувањето недвижности од страна на странци сочинувале само 5,7% од странските инвестиции, додека во 2024 година, овој удел се зголемил на 24%.

„Рекордот е поставен во првиот квартал од оваа година, каде што купувањето станови од страна на странци учествуваше со речиси 29% од вкупниот тек на странски инвестиции во земјата. Вкупно, странските директни инвестиции во првиот квартал од годината изнесуваа 362 милиони евра, со мало зголемување од 2,3% на годишна основа, констатира „Монитор“.

На второ место се финансиските и осигурителните дејности со 75 милиони евра, додека индустријата за ископ привлекла 51 милион. Другите сектори, како што се преработувачката индустрија и енергетиката, забележале пад, додека трговијата се зголемила за 28%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син
Следна Статија ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) „Платив од свој џеб“: Маѓар по самитот на НАТО ужива на скутер на вода во Турцијa

По самитот на НАТО во Турција, унгарскиот премиер Петер Маѓар го продолжи престојот и отиде на четиридневен одмор во Анталија…

July 13, 2026
БАЛКАН

Директорот на сараевското ЈСП поднесе оставка по несреќата во Сараево

Директорот на градската транспортна компанија ГРАС, Сенад Мујагиќ, денес поднесе оставка по трагичната трамвајска несреќа во Сараево, во која загина…

February 16, 2026
БАЛКАН

Коста раскажа како го зел оружјето од татко му: Шифрата лесно ја пробив

Koста Кецмановиќ детално објасни и како точно му го одзел оружјето на татко му со кое ги уби соучениците. Тој…

October 14, 2024
БАЛКАН

Косовари се фатени во близина на Дубровник во обид да прошверцуваат 63.000 психотропни таблети

Цариници на Службата за мобилни единици Дубровник во соработка со полициски службеници пред една недела спречиле обид за нелегален увоз…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?