Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
БАЛКАН

На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра

Објавено August 18, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Половина тон од наркотична супстанца Кат (Khat) позната и како „природен кокаин“, бил откриен и запленет на атинскиот аеродром Елефтериос Венизелос, а се проценува дека вредноста на дрогата е околу 1,5 милиона евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Кат се добива од растението Catha edulis што се одгледува во источна Африка и во јужниот дел на арапскиот полуостров.

Дрогата на атинскиот аеродром била скриена во четири пратки со стока декларирана како завеси, чаршафи и ткаенини, кои транзитирале од Израел со крајна дестинација САД, а како што соопштија од ААДЕ била откриена при проверките што ги спроведуваат инспекторите на Секторот за борба против шверц при царината на аеродромот во Атина.

Од ААДЕ посочија дека „станува збор за најголемото количество на конкретната дрога, откриено досега“.

Пред повеќе од десет години, односно на 4 декември 2014 година, исто така на атинскиот аеродром биле откриени 458 килограми, а последното запленување на Кат било во 2022 година, на истиот аеродром, кога биле откриени 34 килограми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест
Следна Статија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик: Сорос стои зад шарените револуции низ светот

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите организации стојат зад Шарените револуции што…

September 7, 2025
БАЛКАН

Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати јавна поддршка за Македонија и критики до Европската Унија што нашата земја се’ уште…

October 15, 2024
БАЛКАН

Српски медиуми: Aко патувате во Грција, најдобро место за полнење резервоар е Македонија

Цените на бензинските пумпи варираат, но Србија со години има најскапо гориво во регионот, додека најдоброто место за полнење резервоар…

June 6, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Четири лица загинаа при пад на хеликоптер на брза помош во Турција

За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?