Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест
ЗДРАВЈЕ

Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Објавено August 18, 2025 12:34
Сподели
Сподели

Истражувачите долго време се сомневаа дека врската меѓу цревата и мозокот има улога во појавата и развојот на Паркинсоновата болест. Неодамнешен научен труд на јапонскиот Универзитет на Нагоја идентификуваше цревни микроби коишто веројатно се поврзани со намалениот рибофлавин (витамин Б-2) и биотин (витамин Б-7), што би можело да укажува на идните, неочекувано едноставни третмани, со витамини од групата Б.

Дополнителната терапија насочена кон рибофлавинот и биотинот ветува можна терапија за ублажување на симптомите на Паркинсоновата болест и забавување на прогресијата на болеста во телото… Ние сметаме дека недостатокот на витамин Б е поврзан со намалувањето на масни киселини со краток синџир и полиамини – молекули коишто помагаат да се создаде здрав слој на слуз во цревата. Недостатокот на полиамини и масни киселини со краток синџир може да доведе до истенчување на слојот на цревна слуз, зголемувајќи ја цревната пропустливост, кои се забележани кај Паркинсонова болест, објасни истражувачот Хироши Нишиваки, кој е дел во медицинските истражувања.

Ова заболување опфаќа речиси 10 милиони луѓе ширум светот, кои во најдобар случај можат да се надеваат на третмани што ги забавуваат и ублажуваат симптомите. Раните знаци на невродегенеративната болест обично се запек и проблеми со спиењето, и може да потраат до 20 години пред да напредуваат во деменција и исцрпувачко губење на мускулната контрола.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето со Паркинсонова болест, исто така, доживуваат промени во нивниот микробиом долго пред да се појават други знаци.

Анализирајќи примероци од столица од 94 пациенти со Паркинсонова болест и 73 релативно здрави контролни примероци ширум Јапонија, Нишиваки и неговиот тим ги споредија своите резултати со податоци од Кина, Тајван, Германија и САД. Иако различни групи бактерии беа проучувани, сите тие укажуваат на витамините Б во телото.

Истражувачите, имено, велат оти промените во цревниот бактериски состав е поврзани со намалување на рибофлавинот и биотинот кај луѓето кои страдаат од Паркинсоновата болест.

Научниците и претходно покажаа дека повисоките дози рибофлавин може да помогнат во обновувањето на дел од моторната функција кај пациенти кои го тргнале и црвеното месо од својата исхрана.

Значи, можно е високите дози витамини Б да можат да спречат дел од штетата. Можеме да направиме анализа на цревната микробиота кај пациенти или да направиме анализа на метаболитите на столицата. Користејќи ги овие наоди, би можеле да идентификуваме лица со специфични недостатоци – оние со намалени нивоа рибофлавин и биотин, кои орално би примале додатоци, така потенцијално создавајќи делотворен третман, заклучи Нишиваки.

Сѐ ова посочува дека здравите цревни микробиоми имаат заштитна улога, а намалувањето на загадувачите во околината, исто така, може да помогне. Секако, со оглед на сложениот синџир на настани вклучени во Паркинсоновата болест, веројатно е дека не сите пациенти имаат исти причини и предизвикувачи, така што начниците препорачуваат проценките да бидат повеќе поединечни и индивидуални.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Срамота: Смрдеа, расфрлано ѓубре е сликата со која се соочуваат туристите во центарот на Скопје (ВИДЕО)
Следна Статија На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Инспекторите од ДЗСИ не нашле пропусти во медицинската документација при третманот на Елена Ѓорѓиевска

Инспекторите што влегоа во болниците каде што била третирана 37-годишната Елена Ѓорѓиевска што починала дома на истиот ден кога била…

November 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Големо медицинско откритие: Научниците развија тест што може да открие мултиплекс склероза пред дијагнозата

Мултиплекс склерозата е хронична воспалителна болест на централниот нервен систем која зафаќа приближно 2,8 милиони луѓе ширум светот. Нејзиниот развој…

August 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лекарска комора: Д-р Кузмановски нема активна лиценца за работа, има поднесено барање за нејзино продолжување

Докторот Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15-ти март годинава, но докторот…

October 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo

Подигнување на свеста за менталното здравје, односно да се доближиме до народот. Тоа е причината зошто сме на отворено, а…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?