Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Мицкоски: Изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > (ВИДЕО) Мицкоски: Изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови

Објавено February 25, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес во Владата оствари продуктивна средба со раководството на Казанчи Холдинг групацијата, која преку своите енергетски компании претставуваат еден од најголемите енергетски гиганти во својата област.

Со повеќе од 25 години искуство, Акса енерџи е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија.

-Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3500 мегавати во 8 земји, додека мнозинскиот сопственик на Акса енерџи, Казанчи Холдинг, работи во 22 земји на 4 континенти. Во минатото говорев кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот дека разговараме со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух и дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих. Станува збор за когенеративни централи со 500 мегавати, инсталиран капацитет кои би произведувале теоретски годишно 4,1 терават часови електрична енергија и околу 720 гигават часови топлинска енергија на годишно ниво, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека токму Казанчи Холдинг е компанијата со која денес разговарале за изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови.

-Приклучоците на гасоводна и топловодна мрежа се предвидува за граѓаните да бидат нула денари, а цената на природниот гас за домаќинства ќе биде многу пониска од онаа која што е на берзите, реле Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајдено 13-годишното девојче кое беше пријавено за исчезнато
Следна Статија Жени се тепале во затвор, една е тешко повредена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената

Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трговците свесно ги лажеле граѓаните – јогуртот од 1 литар го продавале во единица мерка килограм

Есенската потрошувачка кошничка, мерка со која Владата се обиде да го намали и да го контролира трендот на зголемување на…

October 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување

Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало – јавно објавување на цените на производите…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?