Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трговците свесно ги лажеле граѓаните – јогуртот од 1 литар го продавале во единица мерка килограм
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трговците свесно ги лажеле граѓаните – јогуртот од 1 литар го продавале во единица мерка килограм
ЕКОНОМИЈА

Трговците свесно ги лажеле граѓаните – јогуртот од 1 литар го продавале во единица мерка килограм

Објавено October 24, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Есенската потрошувачка кошничка, мерка со која Владата се обиде да го намали и да го контролира трендот на зголемување на цените на основните прехранбени производи, го губи своето дејство на крајот на овој месец кога таа мерка завршува, по што трговците ќе можат слободно да ги формираат цените на производите кои сега се ограничени, иако, треба да се прилагодат на Законот за нефер трговски практики.

Сега се поставува прашањето дали завршувањето на важноста на мерката ќе доведе до нов бран на зголемување на цените, или пак, како што претходно најавија од Министерството за економија, мерката ќе продолжи со Божиќна, односно новогодишна потрошувачка кошничка, а потоа со Велигденска, Рамазанска и тн, останува да се види. Исто така, многу се очекува и од спроведувањето на Законот за нефер трговски практики.

– Точно е тоа дека со закон во Македонија е дозволено пакување од 1 кг и од 1л на јогуртот, но општо познат факт е дека 1 кг е помалку од 1 л и изнесува 950 до 980 мл. Она што е забележано на терен  е дека на рафт кај трговците на мало  инспекторите наоѓаат производ од 1 кг јогурт, а на етикетата за означување цени стои дека е 1 л. Со ова се доведуваат во заблуда потрошувачите, а ние како институција тоа нема да го дозволиме“, вели директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Според извештајот на ДПИ, биле изречени 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4 милиони денари, при што биле казнети маркети во Скопје, Битола, Струмица, Валандово, Охрид, Куманово, Гостивар, Струга. Казните предизвикаа револт, па дури и најави за тужби, а директорот Горан Трајковски, рече дека нема да го поколебаат притисоците од некои производители кои одат со профитни маржи дури од 70 проценти, и повторно кажа за  манипулациите на трговците со единиците мерки на производите.

Владината мерка за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти, завршува на  крајот на месецот, по што трговците ќе можат слободно да ги формираат цените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари
Следна Статија Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзување на маржите на дел од производите

Две третини од испитаниците во анкетата на МКД.МК ја поддржуваат владината мерка за замрзување на маржите на дел од производите. Над 40%…

April 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување…

February 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јајца ќе има, смируваат надлежните

Министерството за економија и труд заедно со министерството за земјоделство будно ги следи состојбите со пазарот на конзумни јајца и…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?