Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
ПОЛИТИКА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Објавено October 24, 2024 11:30
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан.

Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката Фон дер Лајен во Владата.

Според најавите, за време на посетата на Скопје Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трговците свесно ги лажеле граѓаните – јогуртот од 1 литар го продавале во единица мерка килограм
Следна Статија Властите на Белград планираат да ги отстапат автобусите Соларис на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, донесе неколку клучни одлуки во пресрет на претстојните локални избори. Од страна на…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ се извини за соопштение пратено до медиумите

„Упатиме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка,…

February 26, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

СДСМ утре ќе го одржи 30-тиот Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата. Тој ќе…

November 23, 2024
ПОЛИТИКА

Месецов ќе почнеме со интерните анкети за кандидатите за градоначалници, рече Мицкоски

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?