Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Комерцијална банка со намалена добивка во третиот квартал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Комерцијална банка со намалена добивка во третиот квартал
ЕКОНОМИЈА

Комерцијална банка со намалена добивка во третиот квартал

Објавено November 1, 2025 20:48
Сподели
Сподели

Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01. до 30.09.2025 година оствари позитивен финансиски резултат од 4.250,1 милион денари, што претставува намалување од 3,9% во однос на истиот период минатата година, кога добивката изнесуваше 4.422,6 милиони денари. И покрај ова мало намалување, планираната бруто-добивка за трите квартали е надмината за 10%, што ја потврдува стабилноста и ефикасноста на работењето на Банката во услови на зголемени глобални и локални предизвици.

Резултатите се остварени во услови на засилени геополитички ризици, осцилации на меѓународните пазари поради трговските политики на САД, како и намалена економска активност на главните трговски партнери на државата. Во домашната економија, инфлацијата за првите девет месеци се задржа на 4,0% кумулативно, над проектираното ниво.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 4,8% пониска во однос на истиот период минатата година. Намалувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од намалените останати приходи од дејноста (пред сè помал износ на наплатени претходно отпишани побарувања и помал износ на евидентирана капитална добивка од продажба на преземен имот во однос на претходната година), a во помал обем и поради зголемените вкупни расходи од работењето кои не ги надминуваат планските проекции.

Биланс на успех, приходи, расходи и оперативна ефикасност
Вкупните приходи од работењето на Комерцијална банка изнесуваат 6.453,7 милиони денари, што е намалување од 2,6% во однос на истиот период минатата година.

Нето-приходите од камата, како најголема компонента на вкупните приходи, бележат раст од 1,1%, со исполнетост на планот од 101,7%. Приходите од камата се зголемени за 1,7%, најмногу поради зголемените пласмани кај домаќинствата и нефинансиските друштва, додека расходите по основ на камата се зголемени за 6,7% поради порастот на орочените депозити.

Нето каматната маржа на Банката на крајот на третиот квартал изнесува 3,58%, во споредба со 3,87% во истиот период минатата година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци достигнаа 904,7 милиони денари, што е раст од 3,3% и остварување на планот со 102,7%, пред сè како резултат на зголемениот обем на трансакции со платежни картички.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 323,9 милиони денари, што е раст од 20,9%, благодарение на оптималното управување со девизната позиција.

Од друга страна, останатите приходи од работењето изнесуваат 730,1 милиони денари и се помали за 26,1% во однос на истиот период лани, главно поради помал износ на наплатени отпишани побарувања и помалку капитални добивки од продажба на преземен имот.

Оперативните расходи изнесуваат 1.785,8 милиони денари, што претставува раст од 3,7% во однос на истиот период минатата година, првенствено поради зголемени трошоци за плати и вработени.

Исправката на вредност на финансиските средства изнесува 412,9 милиони денари, што е намалување од 13,6%, резултат на добра финансиска дисциплина и редовно сервисирање на кредитните обврски од страна на клиентите.

Биланс на состојба, стабилен раст на активата и кредитното портфолио
Вкупната актива на Комерцијална банка на 30 септември 2025 година достигна 186,7 милијарди денари, што претставува раст од 4,5% во однос на крајот на 2024 година, со исполнетост на планот од 100,7%.

Зголемувањето најмногу се должи на пораст на паричните средства и кредитите на комитенти.

Кредитното портфолио бележи раст од 6,4%, како резултат на зголемено кредитирање на домаќинствата и нефинансиските друштва, со исполнетост на планот од 102,2%.
Депозитната база достигна 159,8 милијарди денари, што е раст од 3,4%, најмногу поради зголемените депозити на физички лица.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 30.09.2025 година изнесуваат 22,25 милијарди денари, што претставува раст од 6,7% во однос на декември 2024 година, како резултат на прераспределба на дел од добивката за 2024 година и зголемени останати резерви.

Потврда на стабилност и отпорност
И покрај умерениот пад на добивката во однос на минатата година, Комерцијална банка продолжува да ја демонстрира својата стабилност, оперативна дисциплина и силен капацитет за одржлив раст.

Со постојан фокус на ефикасно управување со ризиците, рационализација на трошоците и одговорно кредитирање, Банката ја задржува својата позиција како една од најпрофитабилните и најсолидни финансиски институции во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Службеници во Матично и МВР преку лажен упис на брак овозможиле жена да добие двоен идентитет и втор пасош
Следна Статија ДИК: До 20:00 часот гласале 3.327 од вкпуно пријавените 4.826 болни или немоќни лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја

Во Македонија има околу 50.000 броила за струја кои влегуваат во категоријата за енергетска сиромаштија, но тоа не ги спречува…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Историско ниво, највисоки директни инвестиции од 1.255 милијарди за 2025 година

Народната банка на Македонија ги објави податоци за странските директни инвестиции за 2024 година. Од она што може да се…

February 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Откриени над 60 Анкер понуди за вашата Црн Петок набавка

Анкер Black Friday понудите се во живо со масовни попусти на нивните производи. Нашите омилени зделки вклучуваат понуди за домашна…

November 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?