Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Објавено June 16, 2025 16:12
Сподели
Сподели

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10. Како што изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, крајниот рок до кога банките би ги поднесувале понудите се уште не е дефиниран.

На новинарска констатација дека се уште нема проект за брзата пруга врз основа на кој би се барале пари, Димитриоска Кочоска напомена дека таа можеби има „некакви информации“. Притоа, ги упати медиумите детали за тоа дали има проект или не, да прашаат во Министерството за транспорт.

-Во каква форма и што значи да се има проект е нешто што мислам дека треба да го прашате Министерството за транспорт. Вие велите немаме проект, но јас имам некакви информации. Ве молам прашајте во Министерството за транспорт, јас не сум министерот што го прави проектот. На Влада сум добила информации, ме задолжиле, сме ги кажале своите видувања по однос на Информацијата што сме ја добиле и не задолжиле да си продолжиме постапка во прибирање податоци. Имаше премногу шпекулации периодов и мислам дека треба од Министерството точно да ви одговорат да или не – какви податоци има, зашто штом Информација дошла на Влада, значи внатре ставиле податоци, подвлече Димитриоска Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оддал службена тајна: Полициски службеник доби кривична пријава
Следна Статија Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јајца ќе има, смируваат надлежните

Министерството за економија и труд заедно со министерството за земјоделство будно ги следи состојбите со пазарот на конзумни јајца и…

March 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Регуаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ. Согласно новата…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во Давос се сретна со раководството на 4iG, компанијата која доби дозвола за трет мобилен оператор. Денот…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Комплексот „Македонско село“ функционира успешно

Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека институциите…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?