Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување
ЕКОНОМИЈА

Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

Објавено June 16, 2025 16:08
Сподели
Сподели

Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој беше во работна посета на општина Неготино, пред присутни заинтересирани, беше презентиран оперативниот план за вработување.

Заменик министерот рече дека сака да ги охрабри, посебно младите лица до 29 години, но и сите други невработени лица, да го искористат периодот за аплицирање за една од најпопуларните и најатрактивните мерки, самовработувањето. Оваа мерка ќе трае до петок.

– Ги повикувам неготинчани за кои знам дека се креативни, да се охрабрат и да ги приложат своите бизнис идеи. Се надевам дека голем дел од нивните бизнис планови и идеи, ќе бидат реализирани со овој оперативен план, истакна тој.

Заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова рече дека оперативниот план е клучен документ што го имплементира Агенцијата.

– Документот ја изразува нашата заложба за инклузивен и развоен пазар на труд, за намалување на невработеноста, зголемување на вработеноста и создавање на одржливи работни места, нагласи таа.

Како в.д. директорка на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска ја појасни постапката, што треба да ја спроведе, секој еден што сака да основа бизнис.

Настанот беше во рамки на активностите за промоцијата пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, а информативниот ден беше реализиран во салата на Советот на Општина Неготино.

Присутните имаа можност подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на Министерството за економија и труд. Се работи за мерките и активностите од планот за кој годинава, како што беше кажано, биле издвоени рекордни 40 милиони евра, бил најголем и најобемен досега, а главниот акцент бил на младите.

Објавени се три огласи од Оперативниот план за вработување, наменети за самовработување на лица. Поддршка за самовработување на лица над 29 години, со финансиска поддршка за 610 лица до 430.500 денари (7.000 евра), поддршка за самовработување за млади лица до 29 години со финансиска поддршка за 720 лица до 615.000 денари (10.000 евра), самовработување во партнерство (регистрација како ДОО со 2 лица), со финансиска поддршка од 861.000 денари до 1.230.000 денари за 400 лица вработени во ново-основани правни субјекти, од кои 220 лица до 29 години. За сите кои ќе добијат средства, се предвидени обука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини – Ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

Крајниот рок за аплицирање по овие јавни повици е до 20 јуни 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ бара 500 евра минимална плата пред избори

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го доби решението за репрезентативност и на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе…

July 29, 2025

Во септември годишен раст на депозитите од 8,8 % и на кредитите од 7,5%

Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на…

October 21, 2024

Ветувањата на Илон Маск кои не се оствараа во 2025 година

Маск стана познат по своите неостварени ветувања, и овој пат тоа е уште појасно

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?