Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 1000 производи во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Над 1000 производи во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг
ЕКОНОМИЈА

Над 1000 производи во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг

Објавено December 14, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Се е подготвено за утрешниот старт на мерката новогодишна кошничка која треба на граѓаните да им донесе производи со пониски цени од минимум 10 проценти, уверува Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Бројката на производи кои влегуваат во „Новогодишната кошничка“ се очекува да достигне дури 1000.

– Со почетокот на мерката „Новогодишна кошничка“ очекуваме бројот на производи да достигне преку 1000. Оваа општествено одговорна акција произлезе од компаниите и маркетите, а ние како Министерство и Влада ја поддржавме. Опфатени се преку 80 компании, изјави Ристески денеска во Прилеп.

Тој ги повика граѓаните и синдикатите и тие со инспекторатот да вршат своевиден мониторинг на цените на производите и да ја пријават секоја неправилност.

-Ги повикувам граѓаните, синдикатите заедно со пазарниот инспекторат кој ќе биде постојано на терен, да следат и да се уверат дека производите во кошничката се намалени најмалку 10 проценти од најниската цена од претходниот месец пред да започне акцијата. Така што, не верувам дека има некои изигрувања, зашто компаниите и маркетите ја понудија оваа акција и не верувам дека самите ќе ја изиграат.

Во новогодината кошничка се опфатени месо и месни производи, млеко и млечни производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, риба, пекарски прооизводи, тестенини, кондиторски производи, овошје, зеленчук. Овие производи опфатени со мерката ќе се продаваат на преку 300 пунктови во сите градови во земјава.

-Очекуваме овие новогодишни празници граѓаните да ги поминат со пониски цени и да заштедат во домашниот буџет, вели тој.

Ристески објаснува дека од кошничката се изоставени маслото шеќерот, кафето и какаото за да не им се направеле големи штети на компаниите.

-Овие производи не ги ставивме во мерката зашто не сакавме да им наштетиме на компаниите кои зависат од домашниот пазар, но и од цените на суровините на светските берзи, кои во моментов се многу зголемени. Но, има и одговорни компании кои и на овие изземени производи дадоа одредени попусти, нагласува заменик министерот.

Мерката ќе трае од 15 декември до 15 јануари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари
Следна Статија Се судрија бродови во Венеција, има повредени патници (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Југоисточна Европа: Стратешки коридор што Вашингтон не смее да дозволи да го игнорира

Институтот за национална безбедност (NSI) при Универзитетот Џорџ Мејсон во САД, преку својот блог The SCIF, објави дел од  анализата…

April 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Издавањето еврообврзница внимателно се планира, постапката е започната

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од предвидените проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со државниот…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Во декември 70% од даночните обврзници платиле во законски рок

Во текот на месец декември, даночните обврзници успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните…

December 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата

Владата денеска на пладне ќе одржи седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?