Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари
ЕКОНОМИЈА

Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари

Објавено December 14, 2024 18:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е постигната историски највисока цена на откупна цена на тутун по килограм од 400 денари.

-Работевме заедно со тутунопроизводителите, тутунарите, откупувачите и дојдовме до овој историски момент би рекол. Само за да биде појасно дека тутунарите кон крајот на првиот квартал секој година потпишуваат договори со откупувачите за тутунот за откупот и цената и таа за годинава беше 375 денари по килограм прва класа. Но, бидејќи реколтата е некаде 17 милиони килограми со исклучително добар квалитет имавме разговори во кои дојдовме до посакуваната цена од 400 денари по килограм, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на поставувањето камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци во Општина Карбинци.

Тој додаде дека потоа во рамки на неговите редовни активности имал состанок со речиси сите откупувачи со кои, како што рече, разговарале и преговарале и оти денеска може да каже дека најголемите откупувачи веќе ја објавиле цената за откуп од 400 денари по килограм.

-Она што е охрабрувачки е што целата реколта се откупува како прва класа и се откупува по 400 денери. Исто така, може да кажам дека како Влада донесовме одлука за зголемување на субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, што значи дека заедно со откупната цена и субвенциите секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун, рече премиерот.

Според него, пресметките говорат дека само оваа година над 140 милиони евра ќе завршат во рацете на тутунарите. Потсети дека претходно биле објавени и детани за отку на оризот и потенцира дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на земјоделците во земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крукс е најбрзиот пливач на сите времиња
Следна Статија Над 1000 производи во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Петрова: Даноците се собираат според планот

Полнењето на буџетот е стабилно и сосема е извесно дека годината ќе ја завршиме со исполнување на планот, бидејќи до…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ја градиме Македонија

Ако пред извесен период слушавме дека се работело, а во позадина структури од претходната политичка гарнитура се обидувала на сметка…

December 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?