Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за проценка на проектите над 2 милиона евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за проценка на проектите над 2 милиона евра
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за проценка на проектите над 2 милиона евра

Објавено December 26, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе бидат одобрувани од Владата со цел да се надмине состојбата на појавување проблеми во подоцнежната реализација. Ова е предвидено со измени во Законот за буџети, а со цел да се креираат проекти кои ќе можат да се реализираат.

Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Тв 21 во кое истакна дека има многу наследени проекти од претходната Влада кои сега се прекинуваат поради објективни проблеми.

За жал многу од проектите што ги наследивме и за кои очекувамве дека ќе има реализација ги прекинуваме во овој период поради објективни проблеми. Како на пример се раскинува договор заради откриена фалсификувана банкарска гаранција“, рече министерката и додаде дека кај одредени проекти има и забрзана динамика.

Очекува годината да се заврши со реализација на околу 550 милиони евра капитални инвестиции. Тоа е околу 70% од планираното. Но важно е дека станува збор за реализација на реални капитални инвестиции.

„Во 2021 година капитални расходи се реализирани во износ од 400 милиони евра, во 2022 во износ од 450 милиони евра, во 2023 година 700 милиони евра. Но во овие средства се и трансферите кон ЕСМ од кои потоа беа исплаќани плати, како и авансни плаќања за одредени проекти. Оваа година ќе завршиме со капитални расходи околу 550 милиони евра но тоа се реални капитални расходи“, истакна министерката.

Во однос на реализацијата на Буџетот рече дека се одвива согласно планираното. „Приходите од ДДВ ќе бидат над планот, од Данокот на личен доход согласно планот, кај Данокот на добивка ќе има реализација 98-99%. Придонесите ќе имаат 100% реализација.

Буџетскиот дефицит ќе биде понизок“, потеницира Димитриеска-кочоска.

Информираше дека нема да има проемни во даночната политика и дека единствената промена е усогласувањето со минималниот корпоративен данок.

Според министерката треба да се работи на подобрување на целокупниот животен стандар на граѓаните, кое што не опфаќа само раст на плати и пензии, туку вклучува и подобри услови во образованието, здравствениот сектор, инфрастурктура и слично.

„Платите во јавниот сектор ќе се усогласат согласно законските прописи и за тоа се предвидени средства. А во контекст на склучувањата колективни договори, рече дека се одобрени онаму каде што буџетските корисници предвиделе средства за раст на платите во рамки на одобрените лимити “, појасни министерката.

Во гостувањето се осврна и на користењето на средствата од заемот од Унгарија кој е наменет за општините и приватниот сектор. При тоа посочи дека Владата на крајот на новиеми има донесено одлука за условите за користење на средствата во приватниот сектор и дека во моментов се чека Развојната банка да го финализира производот согласно кој ќе се пласираат средстват од деловните банки кон крајните корисници.

За средствата наменети за општините, рече дека процесот се одвива како што беше планиран и дека веќе се вршат исплати по одредени проекти кај кои има реализација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси- Министерството за енергетика со нов тарифник воведува ред и фер наплата
Следна Статија Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николовски: Измените на Законот за ДДВ коректни за бизнисот и граѓаните, никого нема да „удрат по џеб“

Измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност се најблаго речено многу коректни за бизнис заедницата и граѓаните…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации…

August 22, 2025

Идни вредности на акции благо се зголемуваат по загуби на S&P 500

Пазарни движења и финансиски трендови во тековната економска клима

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Висок 179,7% раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година. Согласно податоците за…

March 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?