Снимка од инцидентот во општина Аеродром, во кој возач на џип „БМВ“ намерно удри во возач на тротинет и потоа излезе од возилото и го нападна човекот, кој лежеше на земја испрати читател на „Слободен печат“, кој случајно се нашол на местото.
На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв” удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386 од Кривичниот законик“, јави МВР во дневниот билтен во петокот.
