Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Објавено March 30, 2026 21:19
Сподели
Сподели

„Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот д-р Трајко Славески во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното окружување.

Како главен предизвик го издвои неизвесното геополитичко опкружување и неговото потенцијално влијание врз економијата. Енергетските шокови веќе се одразуваат врз цените, особено кај нафтените деривати, со постепено прелевање и во останатите сектори, што создава ризици за инфлацијата.

Во вакви услови, Народната банка води претпазлива и внимателна монетарна политика, со постојано следење на состојбите и подготвеност за навремена реакција доколку се појават дополнителни инфлациски притисоци или други нарушувања.

Гувернерот посочи дека иако претходно постоеле услови за постепена нормализација, особено со оглед на намалувањето на инфлацијата којашто во февруари се спушти на 2,9%, новите светски ризици наметнуваат повнимателен пристап и будност во водењето на политиките.

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

Истовремено, стабилноста на домашната валута и солидното ниво на девизните резерви обезбедуваат дополнителна сигурност и можност за интервенција доколку е потребно.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Насилник со џип удри во возач на тротинет и излезе да го тепа
Следна Статија Во Македонија има поволна бизнис клима: Претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена

Проблемот со продолжениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната стана актуелен по казната што денес беше изречена во пристаништето…

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за намалените царини од страна на САД за Македонија: Преговорите продолжуват, очекувам да одиме подоле од 15%

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарјќи на новинарско прашање во однос на намалените царини од страна на САД за…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во мај пад на просечната каматна стапка кај кредити и кај депозитите

Најновите податоци на Народната банка за каматните стапки покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 4,69…

June 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Започнуваме активности за целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево

Владата донесе одлука за започнување на подготовки и подготвителни активности за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?