Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија има поволна бизнис клима: Претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во Македонија има поволна бизнис клима: Претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија
ЕКОНОМИЈА

Во Македонија има поволна бизнис клима: Претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија

Објавено March 30, 2026 21:41
Сподели
Сподели

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, кој е дел од македонската делегација која престојува во политичко-економска посета на Унгарија, денеска во Будимпешта на настан организиран по повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, пред претставници на унгарската бизнис заедница ги презентираше инвестициските потенцијали и можностите што ги нуди државата и ТИРЗ за странските инвеститори.

Димовски, во своето излагање, се осврнал на поволната бизнис клима, конкурентните услови за инвестирање и активната институционална поддршка што им се обезбедува на компаниите во технолошко индустриските развојни зони. Тој посочил дека државата нуди стабилна и предвидлива деловна средина, како и конкретни механизми за поддршка во сите фази од инвестицискиот процес. Посебен акцент бил ставен на потенцијалите за понатамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и на можностите за реализација на нови инвестиции, особено во сектори со висока додадена вредност.

Воведни обраќања на настанот, имале и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања на Унгарија, Јанос Бока, кои ја истакнаа важноста од унапредување на економската соработка и продлабочување на партнерството меѓу двете земји.

Мицкоски, како што информираат, нагласил дека директната комуникација меѓу компаниите е клучна за создавање нови деловни модели, за отворање пазари и за генерирање одржлив економски раст. Во таа насока, премиерот Мицкоски упати јасна порака до деловната заедница дека Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нудејќи поволни услови, стратешка географска позиција и квалификувана работна сила. Тој ги охрабри унгарските компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во земјата, но истовремено потенцираше дека македонските компании се подготвени да ги прошират своите активности и на унгарскиот пазар.

Во рамки на настанот, исто така, биле реализирани и повеќе директни средби со компании, при што беа разменети информации и иницирани конкретни можности за идна соработка.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво, Даниела Димовска.

Тема на разговор на денешната политичко-економска посета на Унгарија, како што е најавено, се унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност
Следна Статија Иран ги отфрла предлозите на Трамп, има доволно ракети за да се брани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети малата галерија „Откритие“ во Скопје, која под водство на…

July 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото може да достигне 5000 долари

Цената на златото би можела да достигне речиси 5.000 долари за унца доколку нападите на Доналд Трамп врз независноста на…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?