Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4
СПОРТ

(Видео) Натпревар на годината на „Монжуик“ – Атлетико водеше 0:2, па Барселона 4:2, на крајот 4:4

Објавено February 26, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Барселона и Атлетико Мадрид го одиграа мечот на сезоната во Шпанија. Во првиот полуфинален меч во Купот на Кралот, резултатот беше 4:4.

На „Монжуик“, Атлетико водеше 0:2, Барселона направи пресврт до крајот на првиот дел, а потоа поведе и со 4:2, а „јорганџиите“ во последните 10 минути постигнаа два гола. И повторно Барселона во судиското надополнување ја шокираше Александер Серлот.

Атлетико го отвори мечот со два гола во првите шест минути. Хулијан Алварез погоди во 47. секунда, а во шестата минута Гризман ја зголеми предноста.

Следуваше блиц-криг на Барселона, во 20. и 21.минута изедначија Педи и Кубарси. Младиот штопер во 62.меч за Барселона го постигна првиот гол во сениорскиот фудбал. До крајот на полувремето Мартинез го комплетираше пресвртот.

Барселона во првиот дел имаше две шанси, преку Феран Торес. Шпанскиот репрезентативец два пати беше сам пред голманот Мусо и не успеа да постигне гол.

Во вториот дел речисии да немаше возбудувања. Барселона го контролираше поседот, но без вистинска закана кон голот на противникот. А потоа нов спектакл во последните 15 минути.

Јамал ја измеша одбраната на Атлетико во 74.минута и му асистираше на Левандовски за 4:2.

Од тој момент гостите почнаа да играат. Во 84.минута Љоренте од 16 метри со мала помош на Гави го намали резултатот, а во 94.минута, Барселона си дозволи контра, Лино за Серлот за конечни 4:4.

Норвешанецот на 21.декември минатата година, во првенството го постигна голот за победа на Атлетико во 96.минута.

Реваншот на „Метрополитано“ во Мадрид ќе се одигра на 2.април.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
Следна Статија Украина се согласи на условите во договорот за минерали со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Претседателот на ФФМ се сретна со првиот човек на ФИФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со првиот човек на ФИФА (ФИФА), Џани Инфантино во…

June 21, 2025
СПОРТ

Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме

Ракометарите на E.Пелистер го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ загубија…

September 25, 2025
СПОРТ

Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дефинитивно го напушта Реал Мадрид, потврди „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи, но и Хрватот на Инстаграм…

May 23, 2025
СПОРТ

Цената достигнува и до 100 евра: Поскапени билетите за македонските навивачи во „Вараждин арена“

Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?